Македонија
Кабинетот на екс претседателот Црвенковски потрошил половина милион евра на ПР?
На интернет порталот Youtube, се појави клип на словенечки јазик со наслов „А за тоа Бранко Црвенковски потрошил 500 илјади евра?!“
Клипот е поставен во понеделник и на него е прикажана наводна предлог стратегија за односи со јавност датирана од ноември 2008 година во времето кога сегашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски ја вршеше функцијата претседател на Република Македонија.Документот содржи анализа на тогашната политичка ситуација во која пишува дека „наведените околности диктираат начин на дејствување на претседателот на Република Македонија до крајот на неговиот мандат и затоа е потребно на сите идни активности на Претседателот на РМ да се гледаат како на дел од неговата кампања за претседателските избори во 2009 година.“Во наводната анализа се додава и дека „основното прашање за изборот на стратегија за дејствување на претседателот на РМ до крајот на неговиот мандат е повеќе во начинот на дејствување кој би требало да ангажира што поголем број од избирачкото тело“.За сега нема потврда дали документот е автентичен и дали поранешниот претседател Црвенковски навистина платил половина милион евра за изработка на стратегијата.Во јавноста досега немало информации за злоупотреба на претседателскиот фонд, иако имаше шпекулации за несоодветно трошење при организација на настани организирани од Кабинетот.Целосниот документ е достапен на линкот :http://www.youtube.com/watch?v=n_wJe6GhGbg
.Реакција на Кабинетот на поранешниот претседател на РМ, Бранко Црвенковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска бесплатно паркирање во Општина Центар
По повод претстојните новогодишни празници, паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти ЈП Паркинзи Општина Центар.
„Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време“, се нагласува во информацијата.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето „Дилајла“ кое е со автоматска наплата.
Македонија
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, соопшти ЈСП Скопје
Од ЈСП Скопје информираат дека во среда на 01.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток на 02.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во среда на 01.01.2025 година билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток 02.01.2024 година продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот.
Македонија
Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК
Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата.
Парична казна од 100 евра за лицата кои ќе бидат затекнати со стара возачка.
Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата.
Во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК, беше до 31 декември 2024 година.