Македонија
Државата преку одредени субвенции ќе се компензира со земјоделците
Земјоделците кои имаат одредени неплатени обврски кон државата во иднина наместо да бараат средства за подмирување на долговите, ќе може да се пребиваат преку користење со средства од субвенциите.
Земјоделците кои имаат одредени неплатени обврски кон државата во иднина наместо да бараат средства за подмирување на долговите, ќе може да се пребиваат преку користење со средства од субвенциите.
Ова се дел од измените на Програмата за финансиска подршка во земјоделството, што како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, ја усвоила Владата на вчерашната седница.
Ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски укажа дека со измените се овозможува компензирање на обврските на земјоделците кон државата по основ на користење на земјоделско земјиште, односно земјоделска механизација преку јапонската помош.
„Тоа значи дека ќе се состави договор помеѓу земјоделецот кој што има обврски кон државата, надлежното министерство и платежната агенција, со која се договара обврските да бидат компензирани со средства од субвенциите“, изјави Димовски, додавајќи дека оваа мерка е усвоена на барање на сите земјоделски организации во државата.
Димовски оцени дека на овој начин се олеснува наплатата на обврските на земјоделците, а воедно и пополнување на фондот за доделување на земјоделска механизација.
Тој информираше и дека со најновите измени на земјоделците значително ќе им се олесни начинот за поднесување на апликациите за субвенции, бидејќи ќе немаат потреба да приложуваат имотен лист.
„Земјоделците при аплицирањето нема да има потреба да одат во катастарот за да обезбедат имотен лист со кој што ќе се потврди правото на користење на некоја земјоделска површина„, изјави Димовски.
Тој појасни дека подрачните единици на министерството по службена должност ќе имаат обврска на секој апликант да му обезбедат имотен лист од Агенцијата за Катастар./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

