Свет
Повеќе од 20 туристи киднапирани во мексиканско одморалиште
Група вооружени мажи киднапирале 22 туристи во јужното мексиканско одморалиште Акапулко, а судбината на грабнатите се уште е непозната, пренесува во сабота AFP повикувајќи се на извор од обвинителството на сојузната мексиканска држава Гереро каде се наоѓа познатото одморалиште
„Дваесет идвајца жители на градот Морелија (во сојузната држава Мичоакан) беа киднапирани во четвртокот“, изјавиле од обвинителството. Туристите од соседната држава Мичоакан пристигнале во Акапулко со автомобили за да го минат викендот. Биле грабнати кога барале апартмани за сместување. Гереро, покрај Синелоа и Чиауа се смета за една од најкриминогените мексикански држави во која се водат крвави пресметки на помалите наркокартели за контрола врз територијата со најголемиот Ла Фамилиа.Киднапирањето било пријавено од еден маж кој бил со групата туристи и успеал да го избегне киднапирањето. Тој ја напуштил групата за да купи нешто од продавница, неговото друштво веќе било одведено, рекол за Associated Press Фернадно Монреал, началник на истражниот оддел на полицијата во државата Гереро. Тој рекол дека групата имала само туристички намери.Сведоци рекле дека киднапираните чија возраст се движела од 17 до 47 години, биле грабнати од вооружена банда која ги однела во непознат правец со трите возила со кои патувале. Засега нема мотиви за грабнувањето, ниту од четвртокот се јавила некој група да бара откуп за киднапираните.Од полицијата, која ги блокирала сите патишта кои водат кон и надвор од Акапулко, соопштиле дека нема индиции дека грабнатите се поврзани со трговијата со дрога.Наркокартелите и нивните банди често киднапираат припадници на ривалиските групи и најчесто по неколку денови нивните испокасапени тела се наоѓаат на депонии или крај патишта. Но, многу ретко се случува преживеан од такво киднапирање да пријави во полиција.Акапулко е една од клучните точки за високите профити од трговијата со дроги и затоа стана бојно поле на бандите и наркокартелите. Насилството во државата Гереро се зголеми оваа година, откако настана поделба на картелот Белтран Леива, чии високо позиционирани припадници во клановската хиерархија беа уапсени или ликвидирани во пресметки со полицијата. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон по доаѓањето на власт во 2006 г. објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата . Со оглед на раширената корупција во редовите на владата и полициски службеници, тој беше принуден да ја вклучи и армијата со 50 илајди незјини припадници во борбата против трговијата со дрога. Од почетокот на 2006 г. во Мексико загинаа повеќе од 28 илјади луѓе, а меѓу нив има стотици припадници на полцијата, армијата и други безбедносни служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

