Свет
Ширак: Повеќе дијалог меѓу Европа и Америка
“Повеќе дијалог“ меѓу Европа и Соединетите Американски Држави (САД) во рамки на НАТО, денеска во Брисел, побара францускиот претседател Жак Ширак со цел подобро разбирање на промените што се случуваат на европскиот континент.
“Повеќе дијалог“ меѓу Европа и Соединетите Американски Држави (САД) во рамки на НАТО, денеска во Брисел, побара францускиот претседател Жак Ширак со цел подобро разбирање на промените што се случуваат на европскиот континент. “Европа и САД се вистински партнери. Затоа мораме повеќе да комуницираме и меѓусебно да се слушаме“, изјави во краткиот говор одржан по повод отворањето на вонредниот Самит на НАТО, лидерот на француската држава. На Самитот, организиран по повод турнејата на американскиот претседател Џорџ Буш низ Европа, се состанаа 26 шефови на држави и влади, членки на Алијансата. “Истовремено е потребно, како што изјави и германскиот канцелар Герхард Шредер, да се продолжи со промените на Европскиот континент“, додаде Ширак. Според него, само во рамки на лојални односи на рамнотежа меѓу Америка и Европа ќе се овозможи долготрајност на стратешкото партнерство втемелено на Вашингтонскиот договор, со кој во 1949 година е основан НАТО./Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индија ја лансираше својата прва вселенска станица во орбитата
Индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета со првата индиска вселенска станица, обидувајќи се да стане четвртата земја што постигнала таков напреден технолошки подвиг.
Мисијата, која се смета за клучна за идните вселенски напори, вклучително и сервисирање на сателити и управување со индиската вселенска станица, полета од главниот индиски космодром, пренесува Ројтерс.
По околу 15 минути, кога леталото достигна височина од околу 480 километри, директорот на мисијата го прогласи лансирањето за успешно.
Свет
Пет години по пандемијата, СЗО повторно бара од Кина информации за потеклото на коронавирусот
Пет години од почетокот на пандемијата Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) денеска повторно побара од Кина да ги сподели своите податоци и информации за да разбере како започна пандемијата.
„Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на коронавирусот. Ова е морален и научен императив. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може соодветно да се подготви или спречи идни епидемии и пандемии“, се вели во соопштението на СЗО.
Здравствената агенција на ОН потсети дека на 31 декември 2019 година, нејзината канцеларија во Кина добила информации од здравствените власти во Вухан за случаи на „вирусна пневмонија“ во градот.
„Во неделите, месеците и годините што следеа, Ковид-19 ги промени нашите животи и нашиот свет“, додаде СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус неодамна праша дали светот е подобро подготвен за следната пандемија.
„Одговорот е и да и не. Ако следната пандемија се случи сега, светот сè уште ќе се соочува со истите слабости и ранливости што дозволија Ковид-19 да се шири и да опстојува толку многу години“, рече тој.
Според него, светот научил и многу болни лекции од пандемијата и презел важни чекори за зајакнување на својата одбрана од идни епидемии и пандемии.
Во декември 2021 година започнаа меѓународните преговори за постигнување договор за превенција, подготвеност и одговор во случај на нова пандемија.
194-те земји-членки на СЗО кои преговараат за договорот се согласија за повеќето прашања, но се во ќорсокак за важни практични аспекти. Крајниот рок за завршување на преговорите во моментов е поставен до мај 2025 година.
Регион
Уапсен 19-годишниот напаѓач во хрватското учлилиште, обвинет е за 45 кривични дела
Деветнаесетгодишникот кој е осомничен дека убил седумгодишно момче и тешко ранил уште три момчиња и наставничката во загрепското основно училиште „Пречко“, денеска е уапсен, соопшти загрепската полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека младиот човек е приведен откако претходно го завршил лекувањето во болница поради самонанесени повреди и дека е осомничен за сторено тешко убиство и вкупно 45 кривични дела, пренесе „Индекс“.
Осомничениот од Клиничката болница „Свети Дух“ бил префрлен во Психијатриската клиника „Врапче“, а откако психијатрите утврдиле дека е способен за полициски распит, бил пренесен во зградата на криминалистичката полиција за прв пат, се вели во извештајот на „Јутарњи лист“.
Претходно беше соопштено дека 19-годишникот и порано бил лекуван на Клиника за психијатрија, а за да се провери дали има недостатоци во лекувањето, хрватското Министерство за здравство испратило контрола во институцијата, а наодите се очекуваат оваа недела.
На 20 декември околу 9 часот и 50 минути тој убил дете, а повреди наставник и неколку ученици во загрепското основно училиште „Пречко“.