Македонија
Снежна лавина и кај манастирот Св. Јован Бигорски
Во саботата по 10 часот е затворен патниот правец Р-409 Маврово – Жировница за сообраќај на сите видови на возила поради снежни лавини. Затворена е, исто така, и делницата Жировница – Дебар за сите видови возила поради голема снежна лавина кај манастирот Св. Јован Бигорски.
Во саботата по 10 часот е затворен патниот правец Р-409 Маврово – Жировница за сообраќај на сите видови на возила поради снежни лавини. Затворена е, исто така, и делницата Жировница – Дебар за сите видови возила поради голема снежна лавина кај манастирот Св. Јован Бигорски.
Од 13 часот патниот правец Р-409 крак Маврово – Жировница – Дебар е комплетно затворен за сообраќај за сите видови возила поради интензивни врнежи од снег и снежни лавини. Како што информираат од АМСМ, се очекува расчистувањето на овие патни правци да трае во следните неколку часа. На регионалниот патен правец Маврово – Дебар, на потегот од селото Жировница кон месноста Сенечки Мост, претпладнево падна лавина која зафатила три патнички возила. Во лавината немаше повредени и сите патници со помош на припадниците на полицијата се извлечени и згрижени.Надлежните служби препорачуваат во саботата и во наредните два дена, доколку немаат потреба да се воздржат од патување, особено кон патните правци Гостивар-Кичево.
Исклучително отежнат сообраќај е забележан до скијачкиот центар Маврово, каде што има интензивни врнежи од снег кои го отежнуваат движењето на возилата, поради што не се препорачува патување кон Маврово без поголема потреба.Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека и Буково, како и на патните правци Дебар – Струга и Струга – граничен премин Ќафасан.Поради поинтензивни врнежи од снег и силен ветар, има појава на помали лавини на планинскиот превој Стража преку кој не се препорачува патување без некоја поголема потреба.Забраната за сообраќај на тешки товарни возила преку Ѓавато е укината.На патниот правец Битола – Нижеполе – Молика (Р506) задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.Посебна внимателност е потребна на патниот правец Дебар – Струга, поради можна појава на одрони.
Снегот кој од петокот интензивно паѓа и формира нови 30 до 40 центиметри снежна покривка со што го парализира сообраќајот во мавровскиот регион.
Механизацијата на „Македонија пат“, не може да се справи со наврнатите количини снег, и побарана е помош во опрема и специјални возила.
Најверојатно заради лавините по долината Радика, оштетен е и далновод, па без струја се долнореканските села Ростуше, Битуше, Требиште и Велебрдо./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

