Македонија
Поништена јавната набавка на 202 нови двокатни автобуси
Комисијата за спроведување на јавната набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси донесе решение за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, бидејќи не била поднесена ниту една прифатлива понуда во согласност со Законот за јавните набавки
Комисијата за спроведување на јавната набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси донесе решение за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, бидејќи не била поднесена ниту една прифатлива понуда во согласност со Законот за јавните набавки.
Како што е соопштено во петок во Скопје, при проверката на комплетноста и валидноста на понудите, комисијата за спроведување на јавната набавка ја отфрли понудата на понудувачот „Кинг Лонг Булгариа“ од Република Бугарија како неприфатлива затоа што нема доставено банкарска гаранција на понудата.
Понудата на понудувачот „Женгжу Јутонг Груп“ од Народна Република Кина е отфрлена како неприфатлива затоа што не го исполнува бараниот услов во однос на минималните количини на испорака на автобусите по години.
Понудата на „Александер Денис Лимитед“ од Велика Британија е отфрлена како неприфатлива затоа што доставената банкарска гаранција не претставува 1% од вкупната вредност на понудата во која треба да бидат пресметани сите трошоци, попусти и царински давачки во согласност со тендерската документација.
Против решението за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка незадоволните страни можат да поднесат жалби до Државната комисија за жалби по јавни набавки во рок од 8 дена.
Нова постапка за набавка на 202 двокатни автобуси за потребите на јавниот превоз во Скопје ќе биде распишана по завршувањето на жалбената постапка.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека во тек е постапката за евалуација на понудите за јавната набавка на 100 новопроизведени едноподни автобуси. Согласно условите и критериумите од тендерската документација во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка по целосната евалуација до понудувачите кои доставиле валидни понуди по електронски пат ќе испрати покани за учество на електронска аукција. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

