Економија
Груевски: Битола е пример за привлекување странски инвестиции
Проектот Жабени не ќе се случел доколку моторната сила градоначалникот Владимир Талески немал волја за негова реализација, вака во петокот премиерот Никола Груевскив во Битола го оцени инвестицискиот бум кој се случува во зоната.
Проектот Жабени не ќе се случел доколку моторната сила градоначалникот Владимир Талески немал волја за негова реализација, вака во петокот премиерот Никола Груевскив во Битола го оцени инвестицискиот бум кој се случува во зоната.
„Иако Владата обезбеди дел од средствата за изградбата на зоната Жабени, без Талески моторната сила на проектот и без неговата поддршка, сé ќе беше залудно“, изјави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Битола.
Доведовме странска фирма, дополни Груевски, којашто ќе вработи две илјади семејства од Битола, што претставува сериозно раздвижување на пазарот на трудот во градот. Преговарите со компанијата „Кромберг и Шуберт“ траеле две години, но за овој странски инвеститор да се одлучи за Жабени, пресудна била упорноста и залагањето на битолскиот градоначалник Талески, смета премиерот.
„Инвеститорот му кажа на градоначалникот дека во ниедна општина не му биле понудени услови какви што му одговараат, како и дека ако и овде на најде, дефинитивно ќе си замине од Македонија. Но, пред да си оди од земјава добил пенкало да ја нацрта фабриката како што сака, што бил клучен момент инвеститорот да остане во Битола, и затоа му упатувам јавна честитка на градоначалникот Талески“, рече премиерот Груевски.
Градоначалникот Талески, од свој страна, рече дека се надева на уште нови инвестиции во зоната.
„Нови инвестиции очекуваме сега на тендерот што е распишен и трае до 31-ви јануари, а понудите ќе бидат отворени на 8-ми февруари. Очекуваме нови инвеститори, поради десетината писма кои се пристигнати од заинтересирани за вложување во зоната“, изјави Талески.
Добрата соработка меѓу локалната власт и централната, носи само позитивни резултати за граѓаните, смета битолскиот градоначалник../крај/оливера михајловска/твт/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

