Македонија
ВМРО ДПМНЕ обвини за партизација на протестот пред Собрание
Недостоинствено е неформален собир на едвај 1.500 партиски војници на СДСМ кои денеска беа пред Собранието, да се прикаже како општо незадоволство на земјоделците. Ова попладнево на прес конференција го изјави членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.Ваквото обвинение Николоски го поткрепи со објавување на список на имиња за кои тврди дека се членови на опозицијатаМеѓу неформалната група која беше пред Собранието можеа да се забележат водачите на СДСМ, рече Николоски, додавајќи дека меѓу организаторите на протестите биле забележани партиски луѓе на СДСМ од битолскиот, прилепскиот и струмичкиот крај.„Оваа група не е претставувана од ниту едно здружение, или легитимен претставник. Тие имаат за задача да ги заглават вистинските земјоделци, а тоа да го прикаже како неуспех на оваа влада“, изјави Николоски.Тој констатираше дека вистинските земјоделци денеска протестирале пред седиштето на СДСМ.Во врска пак со денешните протести на поголема група земјоделци пред седиштето на СДСМ, генералниот секретар на партијата Андреј Петров излезе со обвинувања дека станува збор за партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ.„Тотално е бесмислено партиски војници на ДПМНЕ да се обидуваат да го пренасочат вниманието од проблемите на луѓето и неспособноста на оваа Влада да ги решава нивните проблеми“, рече Петров.Тој ја повика власта да искаже почит кон измачените тутунари што протестираат пред Собранието. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.