Свет
Во Грузија 14 загинати во судир меѓу полицијата и вооружена група
Тројца грузиски полицајци и 11 припадници на вооружена група којашто од руската кавкаска република Дагестан загинале во средата во Грузија во судир во близина на грузиско-руската граница, соопшти министерството за внатрешни работи во Тбилиси.
„Сé уште не знаеме кои се овие луѓе и зошто влегле на грузиска територија“, изјавил за локалните медиуми заменик министерот за внатрешни работи на Грузија, Нодар Карцихаладзе. Појаснил дека групата влегла од Дагестан каде што инаку дејствуваат радикални исламистички групи.
Грузиските власти не ја обвинија Москва дека стои зад нападот, иако односите меѓу двете земји и натаму остануваат непријателски по кусата војна од август 2008 година кога руската армија интервенираше на грузиска територија по операциите на Тбилиси во покраината Јужна Осетија којашто прогласи независност од Грузија.
Во судирот од средата покрај загинатите, уште пет полицајци на Грузија се ранети, а шест припадници на вооружената група се опколени.
„За време на спроведување на операцијата за гонење вооружена група, убиени се тројца припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи, а беа повредени пет лица. Што се однесува до групата диверзанти, до моментов се ликвидирани 11 нејзини припадници. Уште шест диверзанти се опкружен во акцијата за нивно апсење…“, го цитира грузиската агенција на руски јазик Новости-Грузија соопштението на министерството за внатрешни работи на Грузија.
Претходно, грузиската полиција соопшти дека во операција во близина на границата Дагестан биле ослободени заложници од кои снимка е поставена на интернет страницата на министерството за внатрешни работи, кои во видео сведоштво кои кажуваат детали од нивното киднапирање.
„Ослободените заложници велат дека биле заробени од страна на вооружени лица, а вооружените диверзанти им се заканиле дека ќе ги убијат доколку дадат отпор или се обидат да побегнат“, наведува грузиската полиција. Во веста не се прецизира дали сите заложници се ослободени како и нивниот број
Грузиски медиуми објавија дека според неофицијални извори, на грузиска територија се инфилтрирала група од околу 20 добровооружени милитанти од Дагестан. Во последниве денови, милитантите земале во заложништво три групи локални жители, со вкупно десет лица. Претходно била ослободена една група од пет лица, потоа уште една група, а според грузиската телевизија Имедиа во моментов уште неколку лица се во заложништво на ред и диверзантската група./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон и Мелони предлагаат разговори со Путин, Стармер не сака
Британскиот премиер Кир Стармер „нема планови“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денес портпарол на Даунинг стрит.
„Премиерот нема планови да разговара со претседателот Путин. Неговата цел е јасно да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја стави земјата во најсилната можна позиција да ја продолжи борбата и да се движи кон мировни разговори“, изјави портпаролот за новинарите.
Портпаролот додаде дека рускиот претседател „досега не покажал знаци“ дека сака да ја заврши војната во Украина. Тој исто така нагласи дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку нејзината амбасада во Москва.
Кремљ претходно го оцени како „позитивен“ фактот што некои европски земји изразија подготвеност да го продолжат дијалогот прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја критикуваше позицијата на Обединетото Кралство, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување мир“.
„Ставот на Лондон е деструктивен по природа“, рече Песков.
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави на почетокот на јануари дека „дојде време кога Европа треба да разговара и со Русија“, залагајќи се за европски „специјален претставник“ кој ќе им овозможи да зборуваат со еден глас.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, во декември 2025 година изјави дека Европејците „ќе имаат корист од повторното разговарање со Владимир Путин“ како дел од „сеопфатен дијалог со Русија“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц потврди во средата дека „наоѓањето долгорочна рамнотежа со Русија“ ќе ѝ овозможи на Европската Унија „да гледа кон иднината со поголема доверба“.
Со оглед на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го обнови контактот со својот руски колега, застапниците на обновениот дијалог тврдат дека Европа, останувајќи настрана, ризикува да биде ништо повеќе од адут за преговарање во евентуално политичко решение за војната во Украина и, пошироко, во обновувањето на односите меѓу САД и Русија.
фото/епа
Свет
Зеленски: Украинскиот тим оди во САД за да разговара за безбедносните гаранции
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинската делегација е на пат кон Соединетите Американски Држави за да разговара за безбедносните гаранции и пакет мерки за зајакнување на напредокот на земјата.
Во исто време, тој изрази надеж дека документите за овие прашања би можеле да бидат потпишани на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела, објави Ројтерс.
На прес-конференција во Киев, Зеленски, исто така, рече дека украинската делегација се надева дека ќе добие појаснувања од САД за ставот на Русија кон дипломатските напори поддржани од Америка за завршување на војната.
Во понеделникот, најавувајќи го состанокот, Зеленски рече дека го слушнал деталниот извештај на преговарачкиот тим за контактите со американската страна и наредил документот за безбедносните гаранции за Украина да се финализира.
Според него, украинската делегација дефинирала јасен план за дејствување за следните 14 дена, што вклучува подготовка на документи и подготовка за нивно евентуално потпишување, а текстот „достигнува ниво што ќе обезбеди стратешка одбрана на земјата“, пренесува Танјуг.

