Свет
Сaркози му се доближува на Оланд
Францускиот претседател Николас Саркози значително ја намалил предноста на својот социјалистички противкандидат Франсоа Оланд, за претседателските избори кои ќе се одржат во април и мај годинава, покажуваат анкетите објавени во неделата.
Францускиот претседател Николас Саркози значително ја намалил предноста на својот социјалистички противкандидат Франсоа Оланд, за претседателските избори кои ќе се одржат во април и мај годинава, покажуваат анкетите објавени во неделата.Сепак анкетите покажуваат дека и натаму во водство е социјалистичкиот претседателски кандидат Франсоа Оланд, кој во вториот круг од изборите лесно би го победил актуелниот француски претседател Николас Саркози. Според аналитичарите, анкетата којашто за весникот Le Journal du Dimanche ја изготвила агенцијата IFOR, Саркози ја капитализирал централната улога којашто ја одигра во смирувањето на европската должничка криза, а неговата популарност се зголемила дури и по најавувањето на непопуларното воведување данок на трансакции и по поагресивната кампања на Оланд. Според испитувањето на јавното мнение, во првиот круг од француските претседателски избори на 22-ри април, Оланд би освоил 28 отсто, а Саркози 26 проценти од гласовите. Претходно Оланд имаше 10 отсто предност, кусо време откако социјалистите во октомври минатата година ги спроведоа внатрепариските избори кога Оланд ги победи своите шест противкандидати.Во вториот круг од изборите, по две седмици, Оланд според анкетата би освоил 54 а Саркози 46 отсто од гласовите, што, исто така, претставува значително намалување на разликата којашто во октомври изнесуваше 20 отсто за вториот изборен круг. Актуелниот француски претседател смета дека ќе ги придобие гласовите на гласачите кои во првиот круг ќе гласаат за кандидатката на крајната десница Марин Лепен и центристот Франсоа Беиру. Голем број на вака ориентираните француски избирачи се изјасниле дека сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат во вториот изборен круг. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

