Свет
Гласови крадеа македонски функционери и пратеници од Косово

Коалицијата ДПА-ПДП вчера во Гостивар продолжи со протестите на кои бараат да се поништат изборите во општините каде што гласаа Албанците, зашто смета дека имало масовна кражба на гласови од страна на владејачката ДУИ.
ПРОТЕСТ НА ДПА-ПДП ВО ГОСТИВАР
Коалицијата ДПА-ПДП вчера во Гостивар продолжи со протестите на кои бараат да се поништат изборите во општините каде што гласаа Албанците, зашто смета дека имало масовна кражба на гласови од страна на владејачката ДУИ.
Стотина граѓани протестираа од центарот на Гостивар до општинската зграда под мото: “Да го одбраниме гласот”. Демонстрантите извикуваа “Долу ДУИ и комунистите”, а на транспарентите можеше да се прочита: “Сакаме да гласаме слободно”, “ДУИ за гласови немој да убиваш Албанци”, “ДУИ и СДСМ нема да ги окрвават Албанците”. На протестот беше кажано дека во Гостивар во првиот изборен круг биле злоупотребени околу 4.500 гласа, од кои по 1.000 во Форино и Бањица.
Опозициските албански партии, ДПА и ПДП, посочија дека меѓу групите и лицата што краделе гласови во Гостиварско се пратеникот и кандидат за градоначалник на ДУИ, Невзат Бејта, заменик-министерот за одбрана Талат Џафери, Абаз Џеладини, Фесал Емрули и уште десет други лица како и група пратеници од Косово и Албанија.
На прашањето дали ДПА ќе настапува во вториот круг со македонската опозиција, потпретседателот Мендух Тачи одговори:
– Имаме поважни работи од апелите на опозицијата. Подобро би било да ги анализираме изјавите на премиерот Владо Бучковски и на генералниот секретар на НАТО во врска со кражбата на гласовите и насилството кај Албанците. Изјавата на премиерот беше децидно насочена кон нивниот коалициски партнер ДУИ, а генералниот секретар на НАТО укажа на неправилности при гласањето во западна Македонија, а тоа значи дека кај Албанците се манипулира со гласовите. Ние сме во една друга процедура од условно наречениот македонски блок и ќе си ја тераме нашата работа без да коментираме политички изјави – рече Тачи. (М.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Турчин во Косово избодел до смрт една од своите ќерки, а другата тешко ја повредил

Маж утрово во Призрен, Косово, избодел до смрт една од своите ќерки и тешко ранил друга. Неговата сопруга исто така беше повредена. Осомничениот е уапсен, објавува порталот КоССев.
Во полициското соопштение се вели дека службите за итни случаи не биле во можност да им пружат помош на девојките на местото на настанот бидејќи осомничениот бил таму со нож во рака. Потоа беа испратени четири полициски патроли.
„На местото на настанот беше утврдено дека осомничениот, М.Г., роден 1981 година, маж, ги избодел своите две ќерки со нож. 15-годишната девојка починала на самото место, додека другата е тешко повредена и моментално се наоѓа во КБЦ во Приштина. Таа е во тешка состојба“, се вели во соопштението.
„Осомничениот, исто така, се повредил и е во Регионалната болница во Призрен. Неговата 35-годишна сопруга, исто така, се здобила со повреди“, се додава во соопштението. Станува збор за турски државјани кои имаат одобрена дозвола за привремен престој во Призрен.
Основното обвинителство во Призрен го окарактеризира овој случај како тешко убиство.
Свет
(Фото) Трамп ја „обвинува“ Меланија за новиот скандал: „Јас не го направив тоа, таа сакаше“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, коментираше за фотографијата што беше објавена на социјалните мрежи, вклучително и на официјалниот профил на Белата куќа, на која тој е прикажан како нов папа.
И покрај фактот што фотографијата беше објавена и на неговите приватни профили и на профилот на Белата куќа, Доналд Трамп вели дека нема никаква врска со објавената содржина.
„Јас немав никаква врска со тоа. Некој направил фотографија од мене облечен како папа и ја објави на интернет. Јас не го направив тоа, немам поим од каде дојде. Можеби е вештачка интелигенција, но навистина не знам од каде дојде“, рече Трамп.
Тој тврди дека на католиците им се допаднала шегата.
„Тие не можат да ја поднесат шегата. Не мислам на католиците, туку на медиумите што шират лажни вести. На католиците им се допадна“, рече тој.
Трамп, исто така, рече дека Меланија му рекла дека фотографијата е одлична.
„Всушност, на жена ми ѝ се чинеше слатко. Рече: „Нели е ова прекрасно?““, објасни Трамп.
Католичките лидери во Соединетите Американски Држави реагираа луто на објавата на Трамп, особено нагласувајќи дека може да се протолкува како исмејување на верата.
„Никогаш не е соодветно да се исмејуваат другите и да се исмејува папата“, рече Денис Пост, извршен директор на Католичката конференција на државата Њујорк.
Европа
АфД: Мерц ја плати цената за монструозната изборна измама

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во парламентот.
Шефицата на АфД, Алис Вајдел, изјави дека резултатот, според кој Мерц доби шест гласа помалку од потребното апсолутно мнозинство, ги покажува „слабите темели“ врз кои е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите.
Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на пратеничката група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на Икс.
„Тој ја плати цената за сите свои предизборни интриги, за монструозни изборни измами какви што никогаш порано не биле видени.“