Македонија
СЕЕМО: Осуда за нападот на пратеникот Бајрам врз новинарите
Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕМО) ги осуди заканите и јавниот напад врз новинарите од страна на пратеникот во македонскиот
Организацијата на медиумите од Југоисточна Европа (СЕЕМО) ги осуди заканите и јавниот напад врз новинарите од страна на пратеникот во македонскиот парламент Амди Бајрам.
СЕЕМО ги повика властите да ја покажат својата заложба за заштита на новинарите со преземање на сите можни чекори и ја поздрави реакцијата на претседателот на собранието Трајко Вељаноски, како и извинувањето на пратеникот Бајрам.
Новинарите што известуваат од парламентот во понеделникот беа цел на вербален напад, вклучувајќи клевети од страна на пратеникот Барјам, кој налутен оти не беше предмет на внимание на новинарите рече и дека тие треба да бидат тепани и затворани и оти се мафијаши, кои работата за странски разузнавачки служби.
За жал, констатира СЕЕМО ова не е прв пат Бајрам, кој е член на владеачката коалиција, да се истура врз медиумите. Неодамна тој се закани дека ќе ги запали просториите на дневниот весник Дневник./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

