Македонија
Груевски:Владата не сака да ја затвори А1
Владата нема ниту законско право, ниту пак, сака да ја затвора А1. А1 и другите фирми кои што се наоѓаат на Перо Наков, имаат одлука од надлежен суд за замрзнување на сметка.
Ова вечерва во интервју за А1 телевизија го изјави премиерот Никола Груевски, при тоа додавајќи дека целата работа околу случајот Перо Наков започнала по судска одлука, а не по одлука на Влада.
„Владата не може да влијае врз одлуките на судот. Блокирањето на сметката на телевизијата А1 е одлука на судот, а вие како телевизија емитувате програма од пред Владата, значи вршите притисок врз Владата. Јас како премиер и Владата не можеме да вијаеме врз одлуката на судот“, рече Груевски.
Тој додаде дека за ситуацијата треба да се побара објаснување од раководителите, управителите, менаџерите на фирмите во чија сопственост е А1.
„Ако телевизијата биде затворена треба нив да ги прашате зошто дозволиле да се дојде до таква ситуација“, изјави Груевски.
Премиерот рече дека засега нема одлука за предвремени избори и дека доколку падне таква одлука, јавноста ќе биде информирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Дебар – Маврово
Се укинува забраната за движење на тешки моторни на патниот правец Дебар – Маврово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни которни возила 19,45 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и обратно, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата, СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.
Појаснуваат дека од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата.
„Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.ВМРО-ДПМНЕ работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите“, се истакнува во соопштението.
До некаде, како што велат, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа, нагласуваат од ВМРО_ДПМНЕ, треба јавно да излезат и да им се извинат на македонската јавност.