Македонија
Ургентен центар доби томограф од Американската амбасадата
Американската амбасада донираше апарат за компјутерска томографија, и средства за негова адаптација во новосоздадениот Траума центар во Ургентниот центар, кој денеска беше пуштен во употреба.
Американската амбасада донираше апарат за компјутерска томографија, и средства за негова адаптација во новосоздадениот Траума центар во Ургентниот центар, кој денеска беше пуштен во употреба.Како што кажа Реџеп Селмани, директорот на Ургентен центар, во 2004 . година бројот на ургентно примени пациенти бил 10 илјади, а минатата година дури 25.000 , поради што овој апарат е од огромно значење.Американскиот амбасадор , Филип Рикер, кој денеска заедно со Министерот за здравство Бујар Османи, присуствуваше на пуштањето во употреба на апаратот, рече дека покрај оваа донација , за 2011. година се предвидени и други.„Само оваа година преку Амбасадата, и програмата за државно партнерство, ќе донираме над два милиони долари опрема низ Македонија. Тоа вклучува реновирање на седум училишта кое ќе го завршиме годинава, донација на ладилници за вакцини, 350.000 долари за реновирање на одделот за педијатрија кое ќе биде отворено подоцна месецов“, рече Рикер.Османи рече дека во план е и набавка на уште компјутерски томографи кои ќе бидат распоредени низ други здравствени установи во државата./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

