Економија
Светската банка ги намали прогнозите за растот на светското стопанство
Светската банка во средата предупреди дека земјите во развој треба да се подготват за реален ризик од ескалација на должничката криза во еврозоната да го бутне светот во рецесија слична на онаа од 2008 и 2009 година.
Светската банка во средата предупреди дека земјите во развој треба да се подготват за реален ризик од ескалација на должничката криза во еврозоната да го бутне светот во рецесија слична на онаа од 2008 и 2009 година. Во најновиот извештај на Светската банка таа остро го намали очекувањето на светскиот економски раст, предупредувајќи дека Европа веројатно е веќе во рецесија. Така, сега во банката очекуваат раст на светското стопанство за 1012 година за 2,5 отсто, и 3,1 отсто за 2013 година, со што значително ги намали јунските процени за 3,6-процентер рас за двете наведени години. Доколку должничката криза во еврозоната ескалира, стапката на растот на светскиот БДП ќе изнесува околу четири процентни поени помалку, предупредуваат од Светската банка. „Се чини дека должничката криза во еврозоната е ограничена. Сепак, реална е опасноста за замрзнување на светските пазари и светска криза слична на онаа од септември 2008 година“, изјави во средата во Пекинг, Џастин Лин, главен економист во Светската банка, пренесува Reuters.Стопанствата на групата земји со висок доход ќе пораснат годинава за само 1,4 отсто, при што еврозоната би требало да забележи пад на активностите за 0,3 отсто. Во јуни, банката предвидуваше просечна стапка на растот во овие земји од 2,7 отсто, додека, пак, стопанството во еврозоната би требало да порасне за 1,8 отсто.Намалена е и процената на растот на стопанствата во развој, на 5,4 отсто во 2012 година, од претходно проценетите на 6,2 отсто, при што во Светската банка истакнуваат дека растот е веќе забавен во Бразил и Индија, а во нешто помала мера и во Русија, Јужноафриканската Република и во Турција.Во 2013 година, растот за оваа група земји би требало благо да забрза, на шест отсто, иако заканите за растот се зголемуваат, предупредуваат од банката, вклучувајќи ја и големата неизвесност во поглед на прогнозите. „Падот на активностите во Европа и послабиот раст во земјите во развој го зголемуваат ризикот дека тие два тренда ќе се поддржат меѓусебно, што би резултирало со уште послаб раст“, предупредуваат од Светската банка. Дополнителна закана претставува неуспешните настојувања на Јапонија и на САД да ги решат проблемите на високиот долг и дефицитот, како и слабиот рас во другите земји со висок доход, што би можело да предизвика ненадејни шокови, предупредуваат натаму од банката.„Ниедна земја ниту регион нема да ги избегнат последиците од сериозниот пад на активностите“, заклучува Светската банка во извештајот, додавајќи дека е дојдено времето земјите во развој да изработат планови за ублажување на влијанието на можната длабока криза. Сериозната криза, според Светската банка, ќе се манифестира со намалување на трговските текови но и со повлекувањето на капиталот, што посебно ќе ги отежни ситуациите на земјите во источна Европа и во Латинска Америка, чиишто долгови доспеваат за наплата. Главната одговорност е да се спречи кризата врз развиените земји, но и обврската, исто така, паѓа и врз земјите во развој да го поддржат тој процес и преку групата 20 најголеми развиени и стопанства во развој (групата Г20) и преку други меѓународни тела, се истакнува во денешното соопштение на Светската банка./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

