Македонија
Одржана тркалезна маса „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година“
Република Македонија својот пат кон евроатлантските интеграции го започна веднаш по своето осамостојување, водејќи се од својата максима дека нашата иднина е во НАТО и во Европската Унија. На тој пат се соочивме со бројни предизвици, но и со голема посветеност на државното раководство и на граѓаните на Република Македонија.
Ова во четврток го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, на отворањето на тркалезната маса на тема „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година”, која се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.
Воедно, министерот Џафери посочи дека дел од безбедносните предизвици за Република Македонија, на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции произлегуваат од процесот на транзиција, од забавениот економски развој и од присуството на одредени девијантни појави кои се присутни во регионот – организираниот криминал и корупцијата, трговијата со луѓе, со наркотици и со оружје.
На тркалезната маса свои мислења околу темата дадоа и поголем број професори со екстензивно знаење во областа, меѓу кои и Димитар Мирчев, Стево Пендаровски, Мерсел Биљали, а присуствуваа и останати претставници на академската фела, претставници на институции и сл. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

