Македонија
Договорот ратификуван поради меѓународен притисок
Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Македонија не би бил ратификуван без притисок ма меѓународната заедница
Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Македонија не би бил ратификуван без притисок ма меѓународната заедница, пишува денеска печатот во Приштина.
„Собранието два пати се собра за да обезбеди 81 глас за договорот. Иако високите државни претставници оценија дека договорот го отвора патот за дипломатски односи со Македонија, некои пратеници отворено се спротивставија на ратификацијата“, пишува весникот Коха диторе, додавајќи дека без меѓународен притисок договорот не би успеал.
Весникот наведува дека по првиот неуспешен круг на гласање на вонредната седница одржана вчера во Приштина, претседателот на косовското Собрание, Јакуп Красниќи, повторно разговарал со шефовите на парламентарните групи за важноста на договорот.
„Истовремено, претставниците на меѓународните мисии, акредитирани на Косово, имаа низа состаноци со пратениците“, пишува Коха.
Дневникот Косова сот наведува дека договорот „ја задоволува Македонија“.
„Вистина е дека со овој документ Македонија не само што не изгуби територија, туку доби најмалку 2.500 хектари косовска земја, онака како што е и предвидено со договорот што го потпиша со Белград во 2001 година“, коментира Косова сот.
Договорите, како овој со Македонија, поминуваат без врева на Косово и тоа е јасен показател дека во иднина такви договори можат да бидат потпишани со Црна Гора, а можеби и со Србија, шпекулира весникот.
Собранијата на Косово и Македонија вчера го ратификуваа договорот за демаркација на границата, откако претходно договорот го потпишаа премиерите на двете држави.
Претставници од Приштина најавија дека набрзо се очекува и воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Македонија./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

