Свет
ОН: Лидерите на кипарските Грци и Турци постигнале напредок во преговорите

Претставникот на Обединетите нации за кипарскиот спор, Александар Даунер, изјави дека лидерите на кипарските Грци и Турци забележале напредок во нивните преговори за обединување на поделениот остров, пренесува СинхуаСпоред Даунер, кој е советник за Кипар на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, најголем напредок бил постигнат за прашањата на економијата. Тој, исто така, истакна дека на денешната средба лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу и на кипарските Грци, Деметрис Христофијас во тампон зоната под контрола на ОН, покажале подготвеност „да ги исполнат очекувањата на Бан, пред да се сретнат лично со него во Женева 26-ти јануари идната година. Тој додаде дека продолжуваат „интензивните активности“ за решавање на проблемот, започнати по средбата со Бан во Њујорк во ноември..И двајцата лидери од Кипар потврдија дека е постигнат напредок за прашањата на економијата, но одбија да соопштат понатамошни детаљи.Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година, кога турската армија изврши инвазија на островот, како одговор на воениот удар во Грција. /крај/синхуа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени

Во експлозија во кафуле во шпанската престолнина Мадрид во саботата, 14 лица беа повредени, од кои едно потешко, соопштија службите за итни случаи.
Експлозијата се случила во 15 часот во мадридската населба Ваљекас, според службите за итни случаи.
Причината за експлозијата сè уште не е позната.
Свет
(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.
Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.
„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.
„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.
“My condolences on the loss of your friend Charlie Kirk. How are you holding up?” – Reporter
“I think very good. And by the way, you see all the trucks? They just started construction of the new ballroom for the White House.” – Donald Trump
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) September 12, 2025
Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.
Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.