Македонија
Снег на првиот ден од зимата
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, при што се предвидува во речиси целиот дел од земјата да се формира снежна покривка.
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, при што се предвидува во речиси целиот дел од земјата да се формира снежна покривка. Метеоролозите најавуваат дека поинтензивни врнежите е бидат во јужните и источните делови, каде што не се исклучува можноста од формирање на снежна покривка и над 30 сантиметри.Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -5 до 3 степени.Во Скопје и околината ќе биде облачно со врнежи од снег и засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде околу нулата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сајтот на СДС, исто како и нивната политика, е преполн со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајка во Вараждин
Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.
Македонија
Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено, да пазаруваат како обичните граѓани ќе видеа дека се намалија цените на над 1000 производи, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Елитата на СДС која не е прибрана во државата од шетања низ ексклузивни дестинации, глуми загриженост за македонските граѓани. Тие во маркет немаат стапнато, пошто целото нивно раководство живее на висока нога. Почнувајќи од нивниот претседател, Венко Филипче кој вози скапи автомобили и постојано летува за Дубаи, па се до неговата заменичка, Фани Каранфилова Пановска на која што месечните хонорари во невладината Сорос и се движеле по неколку илјади евра“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС да влегуваа и пазаруваат по маркети и продавници, ќе видеа дека над 1000 производи беа со намалени цени, и во континуитет се преземаат мерки за намалување на цените.
Инфлацијата во континуитет се намалува, споредено со периодот на владеење на СДС кога истата беше двоцифрена.
Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година кога исто така СДС беше на власт, забележан беше раст од 9.4%, а индексот на цените на беше 7.0%.
Потсетуваме дека, исто така, СДС се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи што директно доведе до зголемување на цените на прехранбените производи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки кои што уште минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Исто така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.