Свет
Бин Ладен му се закани на Обама
Водачот на Ал Каеда саудиецот Бин Ладен повторно преку телевизијата Ал Џазаира му се закани на америакнскиот претседател велејќи дека тој ја разгорел уште повеќе омразата кон САД
Осама Бин Ладен преку телевизијата рекол дека Барак Обама исто како и неговиот претходник Џорџ Буш го навлекол гневот на исламскиот свет со инсистирањето и притисокот врз Пакистан ги ликвидира талибанците и исламистичките бунтовници од долината Сват за да се запре влијанието на шеријатското право што владееше во тој северозападен дел од државата.„Американскиот притисок ја предизвика кампањата на убивање, борби, бомбардирања и разурнувања што доведе до егзодус на милини муслимани од Сват“, рекол Бин Ладен. Ал Џазеира ја пренела видео пораката истовремено кога Обама пристигнал во Саудиска Арабија на почетокот од неговата блискоисточна турнеа чија цел е да ја намали тензијата меѓу САД и исламските држави. „Американците следните години и децении треба да се подготват за жетва на она што го посеаја првите луѓе на Белата куќа“, предупредил водачот на најмоќната терористичка организација. Вчера, пак, вториот човек на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал Завахири ги повика сонародниците да му дадат отпор на Обама и да го бојкотираат при посетата на Каиро. Како што беше од поодамна најавено, американскиот претседател најверојатно во Каиро ќе одржи долго обраќање до сите муслимани со кој сака да ги ублажи односите меѓу Вашингтон и муслиманскиот свет. Американските аналитичари сметаат дека бидејќи во изјавите на двајцата челници на Ал Каеда оваа изјава е израз на страв и нервоза заради понудената рака на помирување од страна на Обама до муслиманите„Ал Каеда се храни од антиамериканското расположение и ’војната против тероризмот’. Сега кога замина Буш и го замени човек чие второ име е Хусеин, се плашат дека неговиот говор ми можел да има позитивна реакција“, смета Едвин Бејкер од Холандскиот институт во Хаг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.