Македонија
Скратени повеќе приградски линии
Прекин и скратувања на повеќе приградски линии во околината на Скопје предизвика снежното невреме, а градскиот сообраќај се одвива непрекинато.
Прекин и скратувања на повеќе приградски линии во околината на Скопје предизвика снежното невреме, а градскиот сообраќај се одвива непрекинато.
Ова во неделата го соопшти информативната служба на Град Скопје, додавајќи дека дежурните екипи во текот на ноќта фрлиле 350 тони сол на градските сообраќајници.
Коловозите на улиците се чисти и проодни, а градскиот Кризен штаб за одржување на улиците во зимски услови од рано утрово врши дополнителни интервенции на „црните“ точки – подвозниците, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и на приодите кон јавните и здравствените институции. Исто така, се вршат и интервенции за расчистување на сливниците со цел да се спречи појава на голомразцица на градските коловози. Со 12 специјални возила со соларки и снежни плугови, во текот на ноќта, беа поминати сите сообраќајници под надлежност на Град Скопје, како и мостовите и клучките. Во расчистувањето на градските улици беа вклучени и два грејдери, од кои едниот расчистуваше на булеварот „Партизански одреди“, а другиот на потегот Сарај-Матка.Во текот на денот Кризниот штаб ќе ја следи состојбата на теренот и ќе интервенира според потребите.Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска да ги расчистат приодите кон нивните објекти.Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утрово нема скратување на автобуските линии во градот, но дека има и прекини и скратување на приградските линии. Во целосен прекин се линиите 74 (Транспортен центар – Количани), 80 (Транспортен центар – Цветово) и 81 (Транспортен центар – Блаце).Скратени се следните автобуски линии:11 (Транспортен центар – Рашче) – сообраќа до пред пругата во Кондовo;47а (Транспортен центар – Љуботен) – сообраќа до Љуботенски пат;47 (Транспортен центар – Љубанци) – сообраќа до село Љубанци;51 (Транспортен центар – Студеничани) – сообраќа до раскрсницата пред селото;56а (Транспортен центар – Копаница) – сообраќа до подвозникот;56 (Транспортен центар – Бојане) – сообраќа до Расадник;58а (Транспортен ценатр – Добри Дол) – сообраќа до општина Ракотинци;58 (Транспортен центар – Брзовец) – сообраќа до село Соње;58б (Транспортен центар – Св.Петка) – сообраќа до село Соње;60 (Транспортен центар – Долна и Горна Матка) – сообраќа до село Глумово;61 (Транспортен центар – Побожје) – сообраќа до каменломот;63а (Транспортен центар – Ајватовци) – сообраќа до кадинска раскрсница;67 (Транспортен центар – Ново Село) – сообраќа до Зелениково и Страхојадица;68 (Транспортен центар – Сушица) – сообраќа до Ржаничино;70 (Транспортен центар – Батинци) – сообраќа до Дрисла;71 (Транспортен центар – Бањани) – сообраќа до Мирковци;Прекинатите и скратени приградски линии најдоцна до утре ќе бидат пуштени и ќе сообраќат според предвидената траса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.
Македонија
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени, бара ВМРО-ДПМНЕ
СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство. Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда“, велат од партијата.

