Свет
Во Мексико уапсен шефот на картелот „Ла Фамилиа“

Мексиканската полиција во вторникот го уапсила првиот човек на еден од најголемите наркокартели во земјата, со што според тамошните власти претставува голем удар врз организираниот криминал
Сојузната полиција на Мексико го уапсила членот на „Ла Фамилиа“ (La Familia – семејството), Хозе де Хезуз Варгас Мендез, попознат како „Ел Чанго“ (El Chango – мајмун), на контролен пункт во централно Мексико и притоа немало престрелка, соопштија владата и обвинителството.Портпаролот на мексиканскиот претседател Фелипе Гонзалес, за национална безбеднос – Алехандро Поире изјави дека апсењето ан Мендез претставува голема победа и крај за „Ла Фамилиа“ која е позната по тоа што во пресметките со своите непријатели им ги отсекува главите. „Со ова апсење оваа криминална група е уништена“,изјави Поире на прес-конференција, додавајќи дека Мендез ќе биде испрашуван во главниот град на земјата.Картелот „Ла Фамилиа“ го држи производството на метамфетамини во Мексико наменети за извоз во САД, ја контролира и дристрибуцијата на кокаин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.