Македонија
Македонија ја прослави 20 годишнината од самостојноста во Вашингтон
“Благодарност од македонскиот до американскиот народ 2011“ беше насловот на третата по ред манифестација која се одржа во свечениот амфитеатар на центарот Роналд Реган во главниот град на САД
“Благодарност од македонскиот до американскиот народ 2011“ беше насловот на третата по ред манифестација која се одржа во свечениот амфитеатар на центарот Роналд Реган во Вашингтон. Со овој концерт годинава беше одбележана и 20 годишнината од независноста на Република Македонија во главниот град на САД. На концертот настапија уметниците Борис Трајанов, во придружба на Дарко Мариновски (пијано), Венко Серафимов (гитара), Бобан Мирковски (пијано) и Александар Икономов (гитара) со програма која опфаќаше стари македонски народни песни, џез композиции од американски автори и извадоци од познати класични дела. Настапот на македонските уметници предизвикаа овации кај публиката. Особено воодушевување кај присутните гости предизвикаа македонските народни песни, дел отпеани на македонски, дел во превод на англиски јазик. Поздравни обраќања имаа Зоран Јолевски, амбасадорот на Република Македонија во САД, Зоран Јолевски и заменикот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, амбасадорот Филип Рикер. Амбасадорот Јолевски се заблагодари за подршката и соработката на САД уште од првите денови по осамостојувањето на Македонија и потенцира дека нема подобар знак за партнерство и доверба меѓу две земји од тоа кога нивните војници се борат рамо до рамо за истите вредности и идеали во трети земји. Амбасадорот Рикер го пренесе интересот на САД за демократска и просперитетна Македонија и ја нагласи цврстата американска поддршка на патот кон европското и евроатланско интегрирање на Република Македонија. Оваа традиционална манифестација прерасна во препознатлив белег на македонската амбасада во Вашингтон во претпразничниот период на крајот од годината. Над 250 гости од администрацијата, конгресот, дипломатскиот кор, невладината и бизнис сцената како и од македонската дијаспора и годинава имаа можност да уживаат во дел од богатата македонска култура. Меѓу гостите беа и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, конгресменот Роберт Адерхолт и извршниот директор во Светска банка Руд Треферс. Настанот беше организиран во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и бизнисменот со македонско потекло Енди Пејков и компанијата Сивус. Благодарница за ВермонтНа концертот беше доделена Благодарницата од министерот за одбрана Фатмир Бесими до Националната гарда на Вермонот. Благодарницата во име на министерот ја предаде амбасадорот Зоран Јолевски на генералот Вилијам Рој. Во Благодарницата се истакнува долгогодишната блиска сорабтока и пријателство меѓу државата Вермонт и Република Македонија. Понатаму се истакнува дека оваа соработка е проширена во повеќе области, како што се образованието, културата, здравството….Амбасадорот Рикер го поздрави напредокот кој државата го постигна во овие 20 години ставајќи посебен акцент на придонесот на Република Македонија во ИСАФ и посака што поскоро заокружување на процесот на интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО. Генерал Рој го истакна значењето и улогата на македонските војници во Авганистан и ја нагласи нивната стручна подготвеност и храброст на терен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
„Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE)“.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на средбата со Жоао Коста, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја.

– Постојано работиме на подигнување на инклузивноста на образовниот систем, затоа што секое дете мора да има еднаков пристап до квалитетно образование и да добие шанса за достигнување на својот полн потенцијал, независно на комплексноста на посебните образовни потреби. Имаме што да споделиме, бидејќи особено во изминатите неколку години направени се крупни чекори напред во градењето на инклузивно општество, но како земја во развој ќе продолжиме и внимателно да ги следиме трендовите кои ги наметнуваат развиените земји, истакна Јаневска на средбата.

Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование е независна организација која дејствува како платформа за соработка меѓу земјите-членки, со цел обезбедување поинклузивни образовни системи. Агенцијата е единственото европско тело кое е финансирано од своите земји-членки со конкретна мисија да им помогне да го унапредат квалитетот и ефикасноста на инклузивното образование за сите ученици, односно EASNIE е кофинансирана од министерствата за образование во земјите-членки и од Европската комисија преку оперативен грант преку Еразмус+.
Македонија
(Видео) На подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек за да се избегне блокирање на патот, СВР Тетово со апел да се почитуваат сообраќајните правила
Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива.
Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, велат од СВР Тетово.
Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.
„За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема“, соопштуваат од СВР Тетово.
СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.

