Македонија
Заев: Владата на Груевски ги остава невработените без право на лекување

Владата на Груевски ги остава невработените без правото на здравствена заштита, загарантирано со Уставот на РМ, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Зоран Заев.
Владата на Груевски ги остава невработените без правото на здравствена заштита, загарантирано со Уставот на РМ, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Зоран Заев. „Со измените во Законот за здравствено осигурување и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, благодарение на измамничката портокалова преродба на Груевски и груевистите, невработените остануваат без правото на здравствена заштита, загарантирано со Уставот на РМ. Срамота за луѓето од власта кои самите се прогласија за наводни душегрижници за народот, а всушност на дело покажаа дека се негови душмани“, рече Заев. Според него, од септември кога би стапиле на сила овие измени, поголем дел од 500.000 осигурени лица ќе мора да плаќаат и за лекување. „Владата на Груевски прво ги остави без вработување и без пари за егзистенција, а сега ги доведува во состојба да неможат да си обезбедат ниту основна здравствена заштита, иако токму тие имаат најголема потреба од неа, од стресовите што секојдневно им ги создава ненародната власт“, рече Заев. Тој додаде дека ваквите политики на владата претставуваат понижување на сопствениот народ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.