Македонија
Турски ТАВ не се повлекува од Македонија

Македонскиот министер за економија Фатмир Бесими денеска ги негираше шпекулациите дека турската компанија ТАВ ќе ја повлече договорената инвестиција
Македонскиот министер за економија Фатмир Бесими денеска ги негираше шпекулациите дека турската компанија ТАВ ќе ја повлече договорената инвестиција во Македонија.
„Јас немам таква информација. На вчерашниот македонско-турски бизнис форум имаше презентација и од самите претставници на ТАВ“, изјави Бесими во одговор на новинарско прашање.
Тој потсети дека на вчерашниот форум во Охрид над 100 турски бизнисмени имале презентација, кои покажале сериозен интерес за инвестиции и тргување со Македонија.
Пред неколку месеци, владата донесе заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање, користење и оддржување на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип, склучен на 24 септември помеѓу Владата и турски ТАВ.
Продолжувањето на рокот до 30 август 2009 година беше појаснето како резултат на глобалната економска криза. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.