Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – Удавената студентка конечно ќе биде донесена во Македонија, пишува весникот во насловниот текст „Телото на Јана три недели патува од Индија“.
„Дневник“
Удавената студентка конечно ќе биде донесена во Македонија, пишува весникот во насловниот текст „Телото на Јана три недели патува од Индија“. Причина за тринеделното одолговлекување на транспортот од Индија во Македонија, како што наведува весникот во овој текст, била аутопсијата и проверката на крвта, кои покажале дека во телото на удавената 21-годишна студентка Јана Киш немало траги на алкохол. Јана замина во Индија во јули и како студент на размена требало да остане неколку месеци на универзитетот „Манипал“, потсетува весникот.„Нова Македонија“
„Либералкапиталистите ќе ни наметнат евросклероза“ е насловот на текстот во кој весникот го поставува прашањето дали Македонија е подготвена за ураганот „Дабл дип“? Воопшто не е спорно што некој се залага за подинамична и посмела, а и поимагинативна економска игра, анализира весникот, но проблем било да се поверува во кредибилитетот на ороводците. Оти нивното си-ви не е либералкапиталистичко, туку едвај да е пазарно, а единствено е политички-интересовно ориентирано, наведува весникот во својата анализа за капацитетот на земјава да ја претурка претстоечката повторена светска економска криза. „Утрински весник“
Смртта на еден од најпознатите македонски политичари со светски дострели помина незабележано од Скопје, пишува весникот во текстот насловен „Зошто Македонија и Лазар Мојсов си свртија грб?“ Тој, како што наведува весникот, ас на светската дипломатија и дел од некогашната вашингтонска политичка елита, во Македонија бил етикетиран како контроверзна личност и да не објавеле неколку српски медиуми дека е починат и закопан во Алејата на заслужните граѓани во Белград, македонската јавност немаше да ја дознае оваа информација. “Вечер“
„Се одложува стартот на учебната година“ е насловот на текстот во кој весникот известува дека поради високите температури, кои се уште биле присутни во земјава, можно е учебната година да не почне навреме. Тоа го смета градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој ги повикува Министерството за образование и општините да размислат за ова. Од ресорното министерство, пренесува весникот, велат дека ја следеле состојбата и ако било потребно, ќе реагирале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

