Македонија
Митриновски: Греота е две години пред пензија да останам на улица
Пет часа расправа, пет часа убедување во Судскиот совет дали судијата Јордан Митриновски постапил законски или незаконски кога одлучил со гаранција на Бајруш Сејдии да му овозможи да биде во куќен притвор.
Пет часа расправа, пет часа убедување во Судскиот совет дали судијата Јордан Митриновски постапил законски или незаконски кога одлучил со гаранција на Бајруш Сејдии да му овозможи да биде во куќен притвор. Неговата одлука ја оспори Врховниот суд кој откако го укина решението поднесе барање за оценување на работата на судијата Митриновски. Седницата започна со тешки и емотивни обвинувања на Митриновски до членовите на Комисијата кои се дел од Судскиот совет. “Имам сознанија дека по ваше барање е наредено да бидам иселен од канцеларијата во судот. Работите не знам каде ми се, а се чувствувам како избркано куче. Таков однос не сум заслужил”, рече Митриновски пред Советот. Потоа во детали со часови ја објаснуваше и оправдуваше неговата постапка и одлука. Тврди упорно дека одлуката била законска и немало можност обвинетиот да побегне. На прашање на член од Советот дали е свесен дека Бајруш веќе еднаш се обидел да побегне, Митриновски рече дека слушнал од емисијата „Код“. Дебата околу постапката имаше во излагањата на Митриновски неговиот адвокат и Јово Вангеловски , претседателот на Врховен суд во делот на исказот на судијата дека судија известител бил стручен соработник иако на записникот го пишувало неговото име. Вангеловски појасни дека тој како претседател на Советот не смеел да биде известител и уште помалку против законски е стручен соработник да реферира за предмет. Митриновски се повика на своето таканаречено судиско убедување кое го употребил при донесувањето на одлуката за притворот. Но Вангеловски кажа дека тоа судиско убедување може да се користи само доколу е во рамките на Законот. Митриновски бараше Советот да земе пресуди од други апелациони судови каде наводно имало вакви и слични пресуди, но барањето му беше одбиено бидејки тоа не е работа на Советот туку токму негова. Потоа побара и Гордан Калајџиев како професор и судијата Маргарита Цаца Николовска да присуствуваат во Советот за да од научен и практичен начин потврдат дека донел исправна одлука во духот на европските пресуди. Но и тоа беше одбиено со образложение дека седницата не смее да се претвори во трибина, туку на неа може само да се дискутира за тоа дали законот бил применет или прекршен. На крајот Митриновски сепак пред судиите замоли добро да размислат пред да донесат одлука оти, како што кажа, “греота е две години пред пензија да останам на улица”. Комисијата откако ќе ги разгледа документите и исказите кои денес беа презентирани ќе донесе одлука дали на Судскиот совет ќе му предложи да гласа за негово разрешување или ќе помине со друга санкција. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

