Македонија
Оддадена почит на загинатите кај Љуботенски бачила
Со солзи во очите, лоши спомени и цвеќиња и нивните семејства им оддадоа почит на своите најблиски.Тие и натаму се револтирани што и по девет години не е расветлен случајот и никој не презеде одговорност за масакрот на бранителите, велат дека државата ништо не направила за да им помогне.
„Болката се уште не е смалена. Ова се моменти на емоција. Цената што борците ја платија за Македонија е ненадоместлива“, изјави во вторник заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, по положувањето цвеќе на спомен-обележјето во селото Љубанци, подигнато како сеќавање за осумтемина бранители кои загинаа за време на воениот конфликт во 2001 г. кај Љуботенски Бачила
Димитриев пак, вели дека направено е се што е во рамките на законот и дека се уште се прави за да им се помогне.На споменикот во Љубанци, покрај семејствата и заменик министерот за одбрана, пред споменикот покрај членовите на семејствата на загинатите воени обврзници, цвеќе положија и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Владата, Генералштабот на АРМ, здруженија на граѓани и од политички партии.Во чест и помен на настраданите армиски резервисти, цвеќе беше положено и на спомен обележјето во село Волково од каде потекнуваат четворица од бранителите.Почит кон загинатите бранители и сочувство до нивните семејства денеска упатија и припадници на Сојузот на борците. Тие велат дека овие луѓе кои животот го дале за својата земја, никогаш нема да бидат заборавени и благодарни се што им се изградени достојни споменици.На десетти август 2001 година камион на АРМ налета на поставени мини и заседа од терористите на УЧК. Од воениот конвој кој требаше да изврши смена на војници на караулата, животот го загубија Томе Димовски, Раде Ханковски, Ивица Златевски, Марјанчо Бошковски, Бранко Јанев, Томислав Миновски, Томе Батлевски и Гоце Чанкуловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За четири дена 2.450 сообраќајни прекршоци, уапсени 15 лица
Во периодот од 24 до 27 ноември како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои 13 за возење под дејство на алкохол, а две лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање, 265 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, девет санкции за минување на црвено светло, изречени се 33 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 15 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 132 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 89 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 65 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 44 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 17 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Утре бесплатни уролошки прегледи во болницата „13 Ноември“
По повод Месецот на машкото здравје, ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, организира настан кој ќе се одржи утре, 29 ноември, со почеток во 10:00 часот.
Во рамки на настанот, за сите мажи ќе бидат обезбедени бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, со цел подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје.
„Во рамки на настанот, ќе обезбедиме бесплатни прегледи за сите заинтересирани мажи. Прегледите ќе ги извршуваат: Уролошки прегледи ќе врши Д-р Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, Ехо на бубрези и простата ќе вршат Д-р Марика Филипова, специјалист интернист и Д-р Марија Сековска, специјалист интернист од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето.
Сите заинтересирани се добредојдени“, велат од болницата.
Македонија
Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
За утре, 29 ноември, е најавен нов „Марш на ангелите“ во Кочани. Предвидено е маршот да започне со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани.
„Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на 29 ноември 2025 г., сабота со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани. Да чекориме со љубов, со болка и достоинство, во име на оние што повеќе не можат да чекорат. Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока, за нашите деца, за вистинска правда за Македонија со совест. Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата и дека постои народ што не се откажува од вистината“, соопштија од Здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани”.

