Контакт

Македонија

Апел за масовна излезност на изборите

Објавено пред

Апел до граѓаните масовно да излезат и да гласаат во вториот круг од локалните и претседателските избори денеска по завршувањето на лидерската средба

dobivaj vesti na viber

Апел до граѓаните масовно да излезат и да гласаат во вториот круг од локалните и претседателските избори денеска по завршувањето на лидерската средба во Скопје, упатија највисоките претставници на политичките партии.

„Очекувам изборите да бидат успешни најмалку колку во првиот круг од гласањето и државата да има успех со фер, демократски и мирни избори“, порача премиерот Никола Груевски.

Тој по средбата, која ја оцени како успешна, најави дека за престојниот круг на гласањето, „институциите ќе бидат целосно подготвени и нема да му биде никому дозволено да направи проблем што ќе и наштети на иднината на државата“.

Апел за излезност на изборите, упати и в.д лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој појасни дека на денешната средба тој и претставниците на СДСМ, со докази ги предочиле неправилностите од првиот круг на гласањето, кои очекуваат сега да бидат избегнати.

„Повикуваме сите граѓани да се воздржат од вовлекување во инциденти и апелирам да излезат на овие избори и да гласаат и за градоначалниците и за претседател на државата, бидејќи Република Македонија мора и треба да избере претседател на државата“, додаде Заев.

Како плодна, средбата ја оцени и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој исто така повика на масовна излезност на граѓаните, но одбегна да одговори на прашањето дали гласачите на ДУИ во вториот круг ќе ги поддржат претставниците на ВМРО.

„Ние сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и таа добро функционира на централно ниво, и ќе ја продлабочиме на локално ниво.

На денешната лидерска средба , како што претходно најави, не присуствуваше лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи. /крај/мс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Исплатени средствата за субвенции за сметките за струја

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции.

dobivaj vesti na viber

Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и јули.

Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и јуни. Доколку префрлените средства го покриваат износот на сметката за електрична енергија, остатокот се пренесува за следниот месец и на сметката е евидентиран како претплата.

Од Министерството потсетуваат дека во тек е аплицирањето за две програми за финансиска поддршка.

Програмата за поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија за 2025 година – за домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице или потполно глуво лице. Финансиската поддршка изнесува 1.000 денари месечно во текот на 12 месеци, преку намалување на сметката за потрошена електрична енергија.

Во тек е и програма за набавка и вградување на инвертер клима-уреди – за домаќинства кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас, со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

Вкупно се обезбедени 170 милиони денари за реализација на оваа мерка и тоа 120 милиони денари за домаќинства со ниски приходи и 50 милиони денари за домаќинства чиј единствен приход е пензија.

Секое домаќинство што ќе биде одбрано ќе добие купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа најмалку А+, како дел од мерките за енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Ќафасан откриени 21 килограм пастрмка скриени во автомобил

Објавено пред

Од

На Ќафасан е откриена пастрмка скриена во автомобил, во просторот за резервна гума, информира Цринската управа.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Објавено пред

Од

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

dobivaj vesti na viber

„Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е неизбежен. Но, тогаш, со храброст, со трпение и со визија, избравме пат на мир. Избравме пат на дијалог, на компромис, на заедништво. За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор? Убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но, да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија“, рече Мицкоски.

Според него, Рамковниот договор не е само лист хартија туку е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Според Мицкоски, договорот е потсетник дека, колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност – сите ние делиме една историја и една заедничка иднина.

„Денес не живееме во 2001-та. Но денес, исто како и тогаш, сме пред избори – не избори на хартија, туку избори во срцето и умот. Ќе дозволиме ли повторно да се појават ѕидови меѓу нас? Ќе се препуштиме ли на поделби и недоверба? Или ќе го избереме патот кој тогаш го избравме – патот на заедништво, на почитување, на љубов кон татковината и меѓусебно разбирање?“, праша Мицкоски.

Премиерот кажа дека Рамковниот договор бил и уште е злоупотребуван од поединци.

„Над 20 години имавме структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Впрочем таквиот национализам е последното прибежиште на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат, и врз чии поделби опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат во каков свет ќе се живее. Со другата, ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите. Таквите поделби не ги решаваат проблемите на реалните луѓе кои бараат само едно, подобар живот за себе. Како политичар не познавам ваков или таков, мал или голем свет, туку само еден свет- Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека оваа влада преку носењето на законот за правична застапеност ја исполнила и последната обврска и нема повеќе отворени прашања во овој поглед.

„Како затворено поглавје, Рамковниот договор останува да сведочи за потребата за обединување и интегрирање во исполнувањето на заедничките цели“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Македонија1 час

Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански...

Топ3 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија4 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни се три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет4 часа

Комисија на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ја засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија4 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија4 часа

Пожарот кај Јасен сè уште е активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет15 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ15 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија17 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет19 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ22 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ22 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион23 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија23 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија24 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија1 ден

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија1 ден

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија1 ден

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...