Свет
Најмалку 22 цивили убиени во северниот дел на Сирија

Најмалку 22-ца цивили се убиени во градот Хам во северниот дел на Сирија, кога на нив од огнено оружје пукале припадници на силите за безбедност, соопшти сиријската национална организација за човекови права
Градот Хама се наоѓа под опсада на армијата, а на периферијата на градот се распоредени тенкови. „Најмалку 22-ца луѓе се убиени во градот Хама, а 80 се повредени, од кои некои потешко. Повредените се сместени во две болници во градот“, се вели во соопштението на шефот на организацијата Амара Корабиа. Во соопштението, се додава дека припадниците на силите на безбедност влегле во една болница без да се даде повеќе детали, напоменува агенцијата AFP во извештајот од Никозија. Голем број жители на Хама, град со околу 800 илјади жители, избегале во други градови, вклучувајќи го и главниот град Дамаск. „Безбедносната ситуација во градот се влошува, силите на безбедност ги продолжуваат операциите на пребарување, убиства и апсења во градот“, се наведува во соопштението на Корабиа. Градот Хама кој се наоѓа на околу 200 километри северно од Дамаск, во петокот беше жариште на масовни демонстрации против сирискиот режим, а војската на периферијата на градот распореди тенкови. Хама, напоменува AFP, е историски симбол од 1982 година, кога 20 илјади луѓе загинаа по бруталното задушување на протестите на „Муслиманското братство“ за време на владеењето на Хафез Асад, татко на сегашниот претседател Башар Асад. Во задушувањето на протестот кој избувна во Сирија на 15 март загинаа повеќе од 1.300 луѓе, а повеќе илјади луѓе ја напуштија Сирија, покажуваат податоците на невладините организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“

Остатоци од ракетата испукана од јеменска територија против Израел денеска се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Израелските одбранбени сили.
„Откако беше издадена воздушна тревога во неколку области на Израел, беа направени неколку обиди за пресретнување на ракета испукана од Јемен. Паѓање (остатоци) имаше во областа на аеродромот „Бен Гурион“, се вели во соопштението.
Војската додаде дека е започната истрага.
Израелската полиција подоцна соопшти дека аеродромот „Бен Гурион“ е затворен за полетување и слетување на авиони. Полициската прес-служба прецизираше дека областа на аеродромот ќе остане затворена додека не се исчисти местото.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри.
Регион
Денес се одбележуваат 45 години од смртта на претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.
Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е означен како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа дошла во Белград, на стадионот на ЈНА, и привремено ја обиколувала цела Југославија.
Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.
Тој ја изведе Југославија од Источниот (советскиот) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.
Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации од ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.
Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.