Економија
Меркел почна да се сомнева околу спасувањето на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел првпат фрли сомнеж на шансите Европа да ја спаси Грција од целосен финансиски колапс и по две години од почетокот на кризата призна дека првото европско спасување тешко повеќе милијарди евра во комбинација со строгите мерки на штедење не дава резултати.
Германската канцеларка Ангела Меркел првпат фрли сомнеж на шансите Европа да ја спаси Грција од целосен финансиски колапс и по две години од почетокот на кризата призна дека првото европско спасување тешко повеќе милијарди евра во комбинација со строгите мерки на штедење не дава резултати.Во интервјуто за „Гардијан“ и пет други водечки европски весници, Меркел инсистираше на тоа Европскит суд на правдата да добие овластувања за надзор на јавната потрошувачка и буџетската политика на 17 земји на еврозоната, иако оваа замисла во останатите земји од зоната и во Велика Британија наидува на жесток отпор.Германската канцеларка во интервјуто повика на создавање на европска политичка унија во која централната власт, зајакната со дводомен Европски парламент, би презела уште овластувања од државите, а Европскиот суд на правдата би добил овластувања на врховен европски суд.На само неколку дена во пресрет на важниот самит на ЕУ, на кој на нејзино инсистирање ќе се финализира меѓународниот договор меѓу владите на еврозоната, канцеларката признава дека почнува да се сомнева во стратегијата со која се служеше за цело време на кризата.„Се уште не ја пребродивме кризата…Секако, станува збор за Грција, тоа е посебен случај во кој и покрај сите напори, ниту Грците ниту меѓународната заедница не успеаја да ја стабилизираат ситуацијата“, рече Меркел.На прашање за европската реакција во последните две години, кога Берлин често ги диктираше условите и наидуваше на жесток отпор на Брисел, Париз, а на крајот и на Европската централна банка, Меркел со констатација: „Добрите политичари секогаш се сомневаат, константно проверуваат дали се на вистинскиот пат“.Според „Гардијан“, германската канцеларка нема дилема околу зачувувањето на ЕУ и еврото, но сомнеж се јавува околу начините како тоа да се оствари.Меркел повторно ја отфрли можноста од издавање на еврообврзница како брз начин да се преброди кризата, но таа опција ја остави отворена за подоцна, кога новиот евро-режим ќе почне да дава резултати.Новиот пакт ќе биде меѓународен договор меѓу владите, а не европски закон бидејќи британскиот премиер Дејвид Камерон минатиот месец повлече многу невообичаен потег и стави вето на евентуален договор на ниво на ЕУ. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.