Свет
Полски бискуп: Холокаустот е еврејска измислица
Бискуп близок на поранешниот папа Јован Павле Втори, објавил дека „холокаустот е еврејска измислица“
„Иако е непобитно дека повеќето жртви во концентрационите логори биле Евреи, имаше и Роми, Полјаци, Италијанци и католици“, рекол монсињор Тадеуш Пиеронек на страницата Pontifex.roma.it.„Оттаму, оваа трагедија не смее да биде присвојувана во пропагандни цели“, додава 75-годишниот прелат (бускуп во своевидна пензија) кој тврди дека според него не е историски точно дека во концентрационите логори страдале само Евреи, а дека се премолчува фактот дека во нив страдале и многу Полјаци.Логорот Аушвиц-Биркнау е изграден во 1940 г. на територијата од окупираната Полска и стана симбол на стравотиите на Втората светска војна и холокаустот. Во него се погубени 1,1 милион луѓе, меѓу кои според официјалните извори дури еден милион Евреи. Според Пиеронек, холокаустот се искористува како пропагандно оружје, честопати за да се добие неоправдана предност. „За Евреите добро се пишува во весниците затоа што зад себе имаат моќни финансиери, голема власт и безусловна поддршка од САД, што ги поттикнува на дрскост која станува неснослива“, вели бискупот кој нагласува дека секако тоа во никој случај не може да ја избрише срамотата и искривоколченоста на нацизмот.Во италијанските медиуми за овие изјави се коментира дека доаѓаат во моментот кога повторно се затегнати односите меѓу Католичката црква и еврејската заедница, по одлуката на папата Бенедикт XVI да продолжи со процесот на беатификација на папата Пие XII, кој е критикуван за молчењето во времето на холокаустот.Пред една седмица Бенедикт XVI ја посети римската синагога, заземајќи се за дијалог истакнувајќи ја, како што ја нарече – заедничката духовна оставнина на еврејската и католичката религија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

