Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – Под наслов „Олеснувачите ни ја скроија рамката под притисок“, потсетува како се подготвуваше Рамковниот договор во Охрид.
„Дневник“
Под наслов „Олеснувачите ни ја скроија рамката под притисок“, потсетува како се подготвуваше Рамковниот договор во Охрид. Учесниците на преговорите се потсетуваат дека Пердју во тие моменти бил нервозен, Леотар многу посмирен, додека Солана знаел и да се налути. Без оглед на нивните настапи, тројцата дипломати секогаш имале координирани настапи.„Нова Македонија“
„Како е да си млад во 2011“, весникот го одбележува Светскиот ден на младите. Правејќи паралела со младите во светот, младите во Македонија се соочуваат со висок процент на невработеност и со желба за живот надвор од татковината. Од друга страна, младите во Британија се впуштени во криминални безредија, кои им се припишуваат на економското незадоволство и чувството на исклученост, а во Шпанија протестираат барајќи социјална правда и нов светски поредок.„Утрински весник“
„Македонка се удави во Индиски Океан“, пишува за трагичната несреќа во Индискиот Океан, кога млада студентка од Македонија се удавила во водите на океанот. Таа, заедно со уште еден пријател, и покрај предупредувањата да не влегува во водата поради големите бранови, влегла и ги поклопил еден бран, по што ги снемало. Нејзиното тело го исфрлил океанот, додека по телото на нејзиниот пријател сè уште се трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

