Македонија
Меѓународен саем ФИНЕКСПО 2011
Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2011 се одржува денеска и утре на Скопски саем.
Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2011 се одржува денеска и утре на Скопски саем.
Саемската манифестација свечено ќе ја отвори м-р Зоран Ставрески, заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии.
Веднаш потоа ќе следи Тркалезна маса на тема „Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“ која ќе биде од отворен карактер и обуката на Управата за јавни приходи „Е-даноци – електронско пријавување на даноци“.
Утре ќе се одржи трибина на тема „Предизвиците на друштвата за осигурување во однос на нивното место и улога во финансискиот систем во Република Македонија“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.