Свет
Обвинителството ја чека пресудата
За Основното јавно обвинителство на Скопје ослободителната пресуда, во петокот, за “случајот Раштански Лозјааи од страна на Кривичниот судски совет во Основниот суд Скопје 2 не е конечна.
По ослободителната пресуда на Основниот суд Скопје 2 во судскиот процес “Раштански Лозја”
Случајот “Раштански” не е конечен, сигурно ќе има жалба
Коста ПОПОВСКИ
За Основното јавно обвинителство на Скопје ослободителната пресуда, во петокот, за “случајот Раштански Лозјааи од страна на Кривичниот судски совет во Основниот суд Скопје 2 не е конечна. “Обвинителството ќе чека судската пресуда да биде доставена и до Обвинителството, во законскиот рок предвиден во Кривичниот закон, а потоа ќе поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје во врска со пресудата. Моментално не е упатно да се тврди на што ќе се жали Обвинителството сў додека стручни лица не ја разгледаат пресудата детаљно и законски точка по точка, по што ќе се комплетира жалбатааи ни беше речено вчера во Основното јавно обвинителство. Во Обвинителството тврдеа дека ослободителната пресуда, во петокот, претседателката на Кривичниот совет, Славица Попчевска, невообичаено во судската практика, ја објавила без образложение и затоа не може да се даде никакво предвидливо објаснување на што ќе се жалат во Обвинителството.
Во Основниот суд Скопје 2 вчера ја побаравме судијката Славица Попчевска да ни ја даде или евентуално усно да ја детализира пресудата во смисла на тоа поради кои законски околности Судскиот совет ја донесе ослободителната пресуда. Судијката од вчера е на одмор и не дознавме колку ќе трае. Образложението е дека таа била психички и физички исцрпена. Неофицијално, од судот бевме информирани дека при објавувањето на пресудата во петокот немало услови да бидат образложувани детали за ослободителната пресуда и оти тоа ќе биде наведено во писмената правосилна пресуда. Дознавме дека судечката судијка во никој случај не би образложувала за јавноста од кои причини било одлучено да се донесе таква пресуда, а писмената пресуда не би можела да ја даде бидејќи таа, практично, допрва треба да се пишува пред да се достави до странките.
Во петокот при објавувањето на ослободителната пресуда од страна на Славица Попчевска во судницата настана одушевување од страна на ослободените од обвинението, нивните родителите и блиските роднини на четворицата обвинети, па така беше принудена да ја отстрани публиката од судницата. Зад затворени врати, наводно, само објавила дека обвинетите се ослободуваат од обвинението и притоа само дообјаснила дека во писмената судска одлука ќе биде дадено детаљно образложение.
Бранител на еден од обвинетите вчера ни објасни дека судот донел правична пресуда и оти одбраната, по доставувањето на писменото образложение на пресудата, ќе има простор да се повика на пресудата кога, во друга, граѓанска постапка, евентуално ќе побара материјална отштета за нивните штитеници за времето кога биле во притвор.
По над петмесечно траење на судскиот процес, со над дваесет продолженија, против Александар Цветков, Горан Стојков, Бобан Утковски и Митко Кикереков, кои според обвинителниот акт се товареа за убиство со умисла на седум странски државјани, во петокот тие беа ослободени од обвинението и истиот ден, два часа по пресудата, беа пуштени од затворот Скопјеи каде што беа во притвор една година. Ослободителната пресуда не беше образложена, како што нагласивме, поради немање услови во судницата и по отстранувањето на јавноста од неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

