Свет
Ватикан: Медиумските напади не го ослабеа авторитетот на Папата
Неодамнешните медиумски напади на папата Бенедикт XVI поврзани со педофилскиот скандал во католичката црква, не го ослабеа авторитетот на Папата, објави портпаролот на Ватикан.
Неодамнешните медиумски напади на папата Бенедикт XVI поврзани со педофилскиот скандал во католичката црква, не го ослабеа авторитетот на Папата, објави портпаролот на Ватикан.
Според отецот Федерико Ломбарди, нападите не се одразија ниту на неговиот ангажман во Конгрегација за доктрината на верата против сексуалното насилство над малолетниците, туку само го потврдија и зајакнаа.
Портпаролот призна дека начинот на кој католичката црква се однесува кон прашањето за сексуалната злоупотреба на малолетниците е клучен за нејзиниот морален кредибилитет.
Бенедикт XVI, според пишувањата во медиумите, не ги санкционирал виновниците во 1996 година, кога бил на чело на Конгрегацијата, која што се занимавала со прашањата за педофилијата во католичката црква.
Тогаш еден американски свештеник беше обвинет за злоупотреба на околу 200 глуви деца. /крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.
За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикува претседателот во заминување Џо Бајден за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.
„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави до знаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.
Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.
Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. специјални воени операции во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.
Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.
Свет
Руте: Сите мораме да направиме сѐ за да обезбедиме Украина да ја продолжи својата борба
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денеска, во Германија, пред почетокот на состанокот на контакт-групата за помош на Украина, предводена од Соединетите Американски Држави, дека земјите од алијансата мора да направат сѐ што е можно за да ѝ дозволат на Украина да продолжи со своите вооружени акции.
„Мораме да направиме сѐ што е можно за да ѝ обезбедиме на Украина потребна опрема и обука за продолжување на борбата“, рече Руте.
Тој на средбата истакна дека е клучно да се демонстрира учеството на сите земји од НАТО во давање поддршка на Украина.
Свет
Американската амбасада во Данска по хаосот што го создаде Трамп: „Немаме планови да го зголемиме военото присуство на Гренланд“
Соединетите Американски Држави во моментот не планираат да го зголемат своето воено присуство на Гренланд, изјави портпаролот на американската амбасада во Копенхаген.
Тој го изјави ова откога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес за присоединување на Гренланд кон САД.
„Немаме планови да го зголемиме сегашното американско воено присуство на Гренланд“, изјави портпаролот за „Ројтерс“.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави вчера дека Данска е отворена за дијалог со Трамп во врска со безбедносните прашања на Гренланд, но рече дека е малку веројатно Гренланд некогаш да стане дел од САД.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече дека е уверен оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе признае оти Гренланд е дел од Кралството Данска, иако тој призна дека реториката на Трамп понекогаш може да биде дестабилизирачка.
Зборувајќи за Радио Би-би-си, Лами рече дека од првиот мандат на Трамп било јасно дека интензитетот на неговата реторика и непредвидливоста на неговите изјави понекогаш може да предизвикаат нестабилност.
На прашањето за намерите на Трамп да го направи Гренланд дел од САД, Лами рече дека, според него, Трамп е фокусиран на неговите прашања за Русија и Кина на Арктикот, како и за националната економска безбедност.
„Сигурен сум дека Трамп смета оти Гренланд е дел од Кралството Данска“, рече Лами.