Вести
Анкета: Трамп и Клинтон имаат најголема поддршка во Индијана пред предизборите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/izbori20sad.jpg)
Милијардерот Доналд Трамп, водечкиот кандидат за номинацијата на Републиканската партија за ноемвриските претседателски избори во САД, и водечката во истата трка кај Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, имаат најголема поддршка од гласачите во сојузната држава Индијана каде во вторникот на 3-ти мај ќе се одржат партиските предизбори, покажува објавената во неделата анкета која агенцијата Marist ја спровела за весникот The Wall Street Journal и телевизијата NBC.
Меѓу републиканските гласачи Доналд Трамп ужива поддршка од 49 отсто, додека неговиот најголем противник, сенаторот од Таксас Тед Круз има поддршка од 34 отсто, а гувернерот на Охајо, Џон Кејсик – 13 отсто од гласачите.
Според ова истражување на јавното мнение, неодамнешниот договор меѓу Круз и Кејсик за меѓусебно ненапаѓање против Трамп го одобруваат само околу 33 отсто од републиканците во Индијана. Предизборните штабови на сенаторот и гувернерот на 23-ти април објавија координација на нивните напори да го спречат милијардерот да ја стекне партиската номинација.
Според стратегијата којашто ја објавија минатата седмица, Круз се фокусира на предизборите во Индијана, а Кејсик, пак, ќе се обиде да ги анимира гласачите за партиските избори во Орегон и Ново Мексико, кои ќе се одржат на 17-ти мај односно на 7-ми јуни.
Како што забележува WSJ, доколку Трамп победи во Индијана, многу ќе биде зголемена веројатноста тој да ја добие републиканската номинација за претседателските избори на 8-ми ноември.
Во интервјуто за Fox News Sunday, Трамп на прашањето дали Индијана ќе значи завршување на долгата републиканска трка во негова полза, самоуверено и сигурно одговори: „Да, готово е. Веќе е готово“.
За да го оствари тоа, тој треба да ја добие поддршката од 1.237 делегати на националната конвенција на Републиканската партија којашто ќе се одржи од 18-ти до 21-ви јули во Кливленд. Трамп има досега обезбедено поддршка од 996 делегати, а Индијана носи 57 делегати.
На демократската страна, наклонетоста на избирачите не е толку јасно изразена. За поранешната прва дама Хилари Родам Клинтон би се изјасниле 50 отсто, а за нејзиниот ривал, сенаторот од државата Вермонт, Берни Сандерс, 46 отсто од демократските гласачи.
За конечното освојување на партиската номинација кај Демократската партија, која ќе се одржи од 25-ти до 28-ми јули во Филаделија, потребна е поддршката од 2.383 делегати. Индијана носи 92 делегати, а според оцената на WSJ, предизборите во Индијана речиси нема да го променат фактот дека Клинтон е речиси без сомнение победник на демократската конвенција, бидејќи таа веќе обезбеди 2.141 делегат.
„Во Индијана Трамп и има сите шанси да ги добие сите 57 делегати, што ќе претставува голем успех на патот до победата и конечното номинирање како кандидат. Клинтон и Сандерс, веројатно, ќе ги поделат гласовите на делегатите меѓу себе, но тоа не е доволно да се измени ситуацијата во таборот на делегатите“, коментира директорот на Marist, Ли Мирингофф./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.