Вести
Ирачките сили го заземаа џихадистичкиот бастион во Рамади
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/9ab1f72d-164a-4f7c-8f98-b58353f35ec0.jpg)
Ирачките сили ја повратија контролата над владиниот комплекс во центарот на Рамади, последното упориште на борците на екстремната сунитска група Исламска држава во овој град на западот од земјата, соопшти во неделата портпаролот на антитерористичка операција.
„Контролата над комплексот значи дека се поразени во Рамади. Следен чекор е чистење на градот од можни џебови. Комплексот е целосно под наша контрола, во комплексот повеќе нема борци на Даеш“, изјавил за Reuters портпаролот на ирачките сили помогнати од шиитските доброволци и локалните сунитски милиции Сабах ал-Мумани, користејќи ја погрдната арапска кратенка за Исламската држава.„Операцијата е речиси завршена. Главнината на нашите сили ќе влезат во следните неколку часови. Контролата на комплексот значи дека тие се поразени во Рамади’, додал ал-Нумани.Според него, може да се видат голем број тела на борци на Исламската држава, убиени во воздушните напади врз комплексот. Ирачките сили претходно во неделата го ставија во обрач централниот комплекс во главниот град на западната покраина Анбар. Офанзивата за чистење на областа на Рамади од џихадистите, инаку, започна инаку пред пет дена. Во неделата, беа исчистени осум градски населби, меѓу кои ал-Бакер, Моалимин, ач-Андалус и Хоз, пренесуваат локалните медиуми.Повторното освојување на Рамади, чие паѓање во рацете на Исламската држава во мај годианва претставуваше понижување за ирачката армија, е еден од најважните воени победи на ирачките сили откако џихадистите со ненадејната офанзива во летото 2014 година освоија третина од територијата на Ирак.Ирачките владини сили во другите области се поддржувани од воздушните удари на својата авијација и на меѓународната коалиција која ја предводат САД. Шиитските милиции и доброволци кои имаат поддршка од Иран, кои играат значајна улога во другите офанзиви против Исламската држава, Багдад ги држеше подалеку од директните борби за мнозински сунитскиот Рамади, за да се избегнат секташките тензии. Рамади е вториот важен град кој е повторно заземен од контрола на Исламската држава, по Тикрит во северен Ирак кој беше ослободен во април. Ирачките власти соопштија дека ќе биде предаден во рацете на локалната полиција и сунитските племенски сили, откако во него ќе биде осигурена безбедноста.Како што беше претходно соопштено, владата во Багдад по ослободувањето на Рамади планира да преземе офанзива за враќање на контролата над Мосул, вториот по големина град во земјата, на север од Ирак, и кој е најголемото населено место кое е под надзор на Исламската држава во Ирак и во Сирија.Со истиснувањето на џихадистите од Мосул, кој пред војната имаше два милиона жители, практично ќе биде уништна државната структура на Исламската држава во Ирак и ќе бидат лишени од важен извор на финансирање кое во најголем дел доаѓа преку препродажбата на украдената нафта, а дел од даноците особено за не-муслиманите наметнати на локалното население./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.