Македонија
Независниот полициски синдикат најавува протест во понеделник
Независниот полициски синдикат најави протести за во понеделник, поради одлуката на Уставниот суд 940 полицајци, кои по Нова година требаше да заминат во пензија, да останат без регулиран статус.
Независниот полициски синдикат најави протести за во понеделник, поради одлуката на Уставниот суд 940 полицајци, кои по Нова година требаше да заминат во пензија, да останат без регулиран статус.
„Од една страна ќе го демонстрираме револтот на членовите на независниот полициски синдикат од ваквата одлука, особено од времето и начинот на носењето на ваквата мерка, а од друга страна до Уставниот суд ќе биде предадена писмена документација за одбрана на спорните одредби на законот за внатрешни работи“ рече Тихомир Климоски, претседател на Независниот полициски синдикат.
Тие побараа од Уставниот суд ако не го разреши барем да се огради од својот портпарол.
“Портпаролот на Уставниот суд по нашата прес – конференција од позицијата која што ја врши си дозволи да се служи со политички квалификации на полициските службеници. Ваквиот однос во најмала рака е недоличен и недопустлив“ рече Климоски.
Портпаролот на Уставниот суд Југослав Миленковиќ на овој повик одговори дека е државен службеник во Уставниот суд, вработен на неопределено време и не бил носител на јавна функција, а овластувањето му било дадено од страна на претседателот на уставниот суд.
Неуставноста на законот за внатрешни работи, тој ја гледа во нееднаквоста на полициските службеници од МВР. Миленковиќ смета дека со овој закон полициските службеници се во нееднаков однос со оние кои заминале во пензија до 1 јануари 2010 година и оние кои ќе заминат во пензија од 1 јануари 2015 година.
Овој закон според Миленковиќ важи за полициските службеници кои ќе исполнат 40 години работен стаж од 1 јануари 2010 години до 31 декември 2015 година без разлика на годините.
„Тие заминуваат во услови кои се поинакви. Граѓаните кои се во еднаква правна положба, не можат да имаат различни права и обврски“ појасни Миленковиќ.
Законот за внатрешни работи беше донесен во јули минатата година и со него се предвидува пензионирање на полициските кадри кои ќе навршат 40 години стаж. Припадниците на полицијата имаат бенефициран стаж, односно една работна година им се смета како 1,5 години. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекоа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

