Свет
Лавров најави посета на Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, најави посета на Украина на која со украинскиот министер за надворешни работи Константин Гришченко, ќе разговараат за билатералните прашања, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, најави посета на Украина на која со украинскиот министер за надворешни работи Константин Гришченко, ќе разговараат за билатералните прашања, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Андреј Нестеренко.
За време на дводневната посета што ќе започне утре, Лавров и Гришченко ќе одржат состанок со комисијата за меѓународна соработка на руско-украинската меѓувладина комисија, што беше формирана по посетата на украинскиот претседател Виктор Јанукович на Москва, во почетокот на март.
На состанокот ќе се разговара за решавање на регионалните конфликти и прашањата на руско-украинското соработка во меѓународните организации, како и за голем број меѓународни прашања.
Односите помеѓу Русија и Украина се влошија за време на мандатот на поранешниот претседател Виктор Јушченко, чија прозападниот политика често предизвикуваше негодувања во Москва, но односите меѓу двете земји се подобрија по доаѓањето на Виктор Јанукович на власт во февруари./крај/бт/и
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, запрашан за неговата реакција на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предлага формирање привремена администрација во Украина.
Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин.
Да потсетиме, рускиот претседател предложи Украина да биде ставена под некаква форма на привремена администрација за да се овозможат нови избори во земјата и потпишување на клучни договори насочени кон постигнување решение, пренесоа руските новински агенции.
„Во принцип, се разбира, може да се воспостави привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би било за да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа би се започнале разговори со нив за мировен договор“, рече Путин во разговор со морнарите на пристаништето.
Свет
Археолозите открија гробница на древен египетски фараон

Археолозите открија голема варовничка погребна комора на неидентификуван древен египетски фараон во близина на египетскиот град Абидос, кој датира од пред околу 3.600 години, од времето што го одбележа хаотичен период во египетската историја.
Музејот на Универзитетот во Пенсилванија и египетските археолози објавија дека откриле гробница седум метри под земја, во античката некропола на планината Анубис. Ова е второ откритие на гробница на древен египетски фараон од почетокот на оваа година.
Погребната комора откриена во јануари во Абидос, важен град во древниот Египет лоциран на околу 10 километри од реката Нил, била празна, што значи дека одамна била ограбена од разбојници на гробници. Името на кралот кој некогаш бил закопан внатре првично било запишано во хиероглифски текстови на малтерисана тула на влезот во комората заедно со насликани сцени кои ги прикажуваат божиците Изида и Нефтис.
„Неговото име беше во натписите, кои не ги преживеаја ограбувачите на античките гробници. Меѓу кандидатите се и кралевите по име Сенаиб и Паентжени, кои ги знаеме од спомениците во Абидос – тие владееле во тоа време, но чии гробници не се пронајдени“, рече Јозеф Вегнер, професор по египетска археологија од Универзитетот во Пенсилванија, еден од водачите на ископувањата.
Покрај украсениот влез, погребната комора содржела низа други простории покриени со сводови високи пет метри од глинени тули.
Гробницата датира од времето познато како Втор меѓупериод, кое траело од 1640 година п.н.е. до 1540 година п.н.е., a го премости периодот на Средното и Новото кралство, кога египетските фараони беа меѓу најмоќните фигури во регионот.
„Политичката историја на таа ера е фасцинантна и не е целосно разбрана, тоа е еден вид период на „завојувани држави“, кој на крајот го роди Новото кралство на Египет“, рече Вегнер.
Европа
Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции.
Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во конфликтот во Украина, кој трае повеќе од три години.
Тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој тргна кон подобрување на односите со Москва и постигнување договор, искрено сака мир во Украина.
Путин, кој учествуваше на конференцијата во Мурманск посветена на арктичкото прашање, исто така рече дека Русија е подготвена да соработува со Северна Кореја во работата за решавање на конфликтот.
Изјавите на Путин за привремената администрација се чини дека се негов одговор на неговите долгогодишни жалби дека украинските власти не се легитимен партнер во преговорите бидејќи претседателот Володимир Зеленски остана на власт и по крајот на неговиот мандат во мај 2024 година.
„Во принцип, се разбира, може да се воспостави привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД, европските земји и нашите партнери. Тоа би било за да се одржат демократски избори и да се донесе на власт способна влада која ја ужива довербата на народот, а потоа би се започнале разговори со нив за мировен договор“, рече Путин во разговор со морнарите на пристаништето.
Путин, исто така, рече дека напорите на Трамп да продолжи со директните преговори со Русија – за разлика од неговиот претходник Џо Бајден, кој избегнуваше контакт – покажуваат дека новиот американски претседател сака мир.
„Според моето мислење, новоизбраниот американски претседател искрено сака крај на конфликтот поради повеќе причини“, ги пренесе агенцијата неговите зборови.
Русија, изјави Путин, е за „мирно решавање на секој конфликт, вклучително и овој, со мирни средства, но не на наша сметка“.
„По целата линија на воен контакт, нашите трупи ја имаат стратешката иницијатива“, тврди тој. Русија, наведе тој, „упорно и самоуверено“ се движи кон остварување на своите цели.
Путин изјави и дека Русија е подготвена да работи со многу земји, вклучително и со Северна Кореја, за да помогне да се стави крај на војната во Украина. Западни и украински извори велат дека повеќе од 11.000 севернокорејски војници се испратени да ги засилат руските трупи во западниот московски регион Курск, иако Москва тоа не го потврди.