Свет
Шефот на британски „ЕксонМобил“ убиен во центарот на Брисел
Шефот на британски „ЕксонМобил“ е убиен пред очите на својата сопруга во центарот на Брисел.
Шеесетгодишниот Николас Мокфорд бил застрелан со три истрела, а неговата сопруга Мари била претепана од напаѓачите.
Сведоци истакнуваат како го виделе Мокфорд и неговата сопруга како преминуваат улица и се движат кон својот автомобил, кога биле истрелани три куршума, кои го усмртиле шефот на британскиот нафтен гигант.
Двајца од напаѓачите се видени како го напуштаат местото на настанот трчајќи, а еден од нив имал кацига во рацете.
Убиството се случило уште на 14 октомври, но веста се појавила дури сега заради инсистирањето на белгиската полиција медиумите да не известуваат веднаш за настанот. Телеграф пренесува дека белгиската полиција ги разгледува сите можни мотиви за убиството, вклучувајќи и кражба на автомобилот, иако возилото не било украдено.
Од британското Министерство за надворешни работи дадоа само штуро соопштение во кое истакнуваат дека можат да потврдат смрт на британски државјанин во Брисел на 14 октомври.
Мокфорд работеше во „ЕксонМобил“ уште од 70-сетите години на минатиот век, а во Белгија живеел извесно време со сопругата Белгијка, со која бил во брак 15 години.
Анонимен семеен пријател истакна дека смета оти се работи за нарачано убиство.
„Убиен е на студен и брз начин и тоа потсетува на професионално убиство, но ние не можеме да сватиме зошто. Тој не е тип што попушта под уцените и ова едноставно нема смисол“, истакнува истиот пријател.
„ЕксонМобил“ во официјалното соопштение изрази шок и упати сочувство до семејството и пријателите на убиениот Мокфорд. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

