Македонија
Јанкулоска уверува дека се прислушува според законот
Македонската министерка за внатрешни работи уверува дека службите прислушуваат почитувајќи го законот и ги отфрла наводите за масовно прислушување
Македонската министерка за внатрешни работи уверува дека службите прислушуваат почитувајќи го законот и ги отфрла наводите за масовно следење на комуникациите.
„Можам да ги уверам сите граѓани дека примената на мерката за следење на комуникации може да се спроведува исклучиво според закон, со наредба на судија и никако повеќе и исклучува за строго таксативно наброени и дефинирани случаи. Накусо речено, можам да ги уверам граѓаните да бидат спокојни“, изјави министерката Гордана Јанкулоска во интервју за БиБиСи.
„Сите оние кои не се вклопуваат во некое противправно дејствување кое го загрозува уставниот поредок или се инволвирани во сериозни форми на организиран криминал, немаат основа за стравување“, заклучува Јанкулоска во врска со коментарот од радиото „дека како ретко кога досега, луѓето во Македонија веруваат дека се прислушувани. Дека некои искрено се плашат да зборуваат за политика и во најобичен телефонски разговор“./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

