Контакт

Вести

Склучен првиот геј брак на воената академија Вест Поинт

Објавено пред

Првиот брак меѓу двајца мажи е склучен во саботата на воената академија Вест Поинт во американската сојузна држава Њујорк, објавија во неделата американските електронски медиуми, пренесувајќи ја изјавата на младоженците дека венчавката била како и секоја друга, само што немало невеста.

dobivaj vesti na viber

Брачните заветувања во капелата на Воената академија Вест Пинт ги размениле 27-годишниот Лери Чоет, кој дипломирал во 2009 година и 28-годишниот Даниел Леконс кој дипломирал во 2007 година.

За Чоет капелата во готски стил на академијата отсекогаш била посебно место и секогаш мислел дека за него ќе претставува особена чест да се венча во неа, а Ленокс изјавил дека нивната „венчавка беше како и секоја друга, освен веројатно помала и без невеста“.

Двајцата повеќе не работат во армијата на САД. Ленокс сега завршува студии за деловно управување на универзитетот Харвард во државата Масачусетс, а Чоет конкурирал за работа во школата „John F. Kennedy School of Government“.

Воената академија крај гратчето Вест Поинт е основана во 1802 година и е најстарата таква институција во САД којашто дава највисок степен на образование на воените офицери./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија7 часа

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија7 часа

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија7 часа

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија7 часа

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет10 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет10 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија10 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија12 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет12 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет13 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион14 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион14 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија1 ден

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија1 ден

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија1 ден

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија1 ден

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет1 ден

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ1 ден

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...