Свет
Путин се надева дека Германија наскоро ќе даде дозвола за Nord Stream
NULL
Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека се надева оти Германија наскоро ќе ја одобри дозволата со која Русија ќе може да започне да пумпа природен гас низ гасоводот Nord Stream (Северен проток), кој треба да го транспортира гасот под балтичкото море до Европа, пренесува Риа Новости„Мислам дека причината што не се одобрува дозволата не е непотпишаниот „трет пакет“ за енергетска соработка помеѓу Русија и ЕУ. Се надевам дека овој технички проблем ќе биде наскоро решен“, изјави Путин по средбите со претседателот6 на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. „Третиот пакет“ за енергетска соработка на Европската унија предвидува транспортот на енергенсите и продажбата да бидат одвоени и да се обезбеди пристап до транспортните уреди и за трети земји. Пакетот треба да стапи на сила на 3-ти март. Првата фаза од проектот Nord Stream, со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри треба да биде пуштен во употреба во септември 2011 година. Втората фаза, која треба да го зголеми капацитетот на 55 милијарди кубни метри, треба да започне да функционира во септември 2012 година. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.