Македонија
Студентски протести во Скопје и Тетово

Студентите од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за денеска најавија протести пред ректоратот во Скопје, а протести ќе одржат и студентите
Студентите од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за денеска најавија протести пред ректоратот во Скопје, а протести ќе одржат и студентите од Државниот универзитет во Тетово (ДУТ).
Скопските студенти бараат укинување на партиципацијата за студентите во државната квота, подобрување на условите во студентските домови и социјалниот стандард.
Студентите од ДУТ пак ќе протестираат поради одлуката на Владата која што со новиот ребаланс на буџетот, 50 – те милиони денари кои се одвојуваа за Универзитетот ги намали на 40 милиони денари.
Вицепремиерот Абдулаќим Адеми порача дека Владата досега има инвестирано многу во ДУТ и оти се уште инвестира, но истовремено побара одговорно менаџирање на средствата што се одвојуваат за Универзитетот.
„Не можеме да дозволиме од средствата за универзитетот да се финансираат приватни фирми и да се збогатуваат фирмите на поранешниот ректор Сади Беџети“, истакна македонскиот вицепремиер./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)