Свет
Бомбашот од Милано не бил сам
Либиецот што вчера се обиде да ја разнесе касарната во италијанскиот град Милано имал и помагачи, соопшти денеска италијанската полиција.
Либиецот што вчера се обиде да ја разнесе касарната во италијанскиот град Милано имал и помагачи, соопшти денеска италијанската полиција.
Весниците пишуваат дека 35 годишниот несуден бомбаш самоубиец Мохамед Гаме кој во нападот тешко се самоповреди, преминал во милитантен ислам по неуспехот во работата. Неговата желба била Италија да се повлече од Авганистан.
Полицијата соопшти дека уапсила двајца негови помагачи, еден Египќанец и еден Либиец, а во куќата на еден од нив пронашла стотина килограми материјал од кој што може да се направи експлозив.
Гаме влегол во касарната Санта Барбара во понеделникот рано наутро и со извици на арапски детонирал експлозив. Но, еден војник го сопрел и не успеал да влезе во главната зграда, а поради дефект, бомбата не експлодирала во целост.
Војникот е полесно повреден, а на Гаме му е ампутирана раката. Тој во нападот го изгубил и видот на двете очи./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хорор во Италија: 3 лица загинаа во лавина во областа Пиемонт
Три лица загинаа денеска во лавина во областа Пиемонт во северозападна Италија, а две лица се спасени, соопштија спасувачите.
Спасувачите изјавија дека две повредени лица се пренесени со хеликоптер во блиските болници, пренесе АНСА.
Агенцијата наведува дека не е јасно дали жртвите скијале надвор од патеката.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.