Македонија
ФЗОМ со изменето работно време

Шалтерите на фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од денеска ќе работат со изменето работно време од 07.30 часот.
Шалтерите на фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) од денеска ќе работат со изменето работно време од 07.30 часот.Измената на работното време е со цел да им се овозможи на осигурениците да ги избегнат жешките летни температури, како и поради побрзо и поефикасно извршување на обврските.
Од ФЗОМ очекуваат дека на овој начин ќе спречи создавање на редици поради пререгистрацијата на невработените лица. /крај/со/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: ДУИ лажеа 22 години, не преземаа никакви вистински мерки за да обезбедат правична застапеност и достоинство

Повеќе од две децении на власт, ДУИ не презеде никакви вистински мерки за да обезбеди правична и соодветна застапеност и достоинство за граѓаните. Иако ветувањата беа бројни и повторувани, се остана на пропагандно ниво. Наместо решение, ДУИ изгради манипулативен систем со т.н Балансeр, кој го користеше за контрола на администрацијата и залажување на граѓаните со празни бројки. Ветувања за законски реформи беа дадени само за кампањата, но никогаш не беа спроведени, велат од „Вреди“.
„Во мандатот 2020–2024, како дел од кампањата „Време за првиот премиер Албанец“, ДУИ вети конечно решение за правична застапеност, наведувајќи го ова меѓу своите пет клучни проекти, во случај Насер Зибери да стане премиер. На страница 65 од изборната програма, тие се обврзуваа да го изменат Законот за административни службеници, изменат Законот за вработените во јавниот сектор, етничката графа на уверенијата за државјанство, изменат Законот за регистрација на матични книги, со цел да се додаде колона за етничка припадност.
Дури и во подоцнежната програма на „Европскиот фронт – Европа 2030“, ДУИ продолжи со измамничката реторика, изјавувајќи дека „практиката на вработување ќе се унапреди со користење на законскиот механизам на балансерот“, иако беше повеќе од јасно дека Балансерот не успеа како механизам“.
Во меѓувреме, како што додаваат од „Вреди“со Стратегијата за реформи на јавната администрација 2023-2030, која подоцна беше одобрена од Владата од која ДУИ беше дел, Балансерот беше истакнат не само како алатка што донесе бројни злоупотреби, туку и нееднаквост и корупција, и дека наместо да биде инструмент за вработување на граѓани од етничка припадност, им даде приоритет на партиските списоци за вработување, списоците на пријателства или дури и разни други манипулации.
„На оваа стратегија беше нагласено: „таканаречената алатка “балансер“, во пракса, предизвика бројни злоупотреби. Мора да се примени принципот на соодветна и правична застапеност на членовите на заедницата. Со објективни критериуми и процедури на отворен конкурс за избор на најдобар кандидат, спроведен од професионалци од администрацијата кои поседуваат висока експертиза и интегритет, ќе се создаде штит од политичко влијание“.
Дури и во извештајот за скрининг од страна на ЕК, за Кластер 1 (Фундаментални вредности), на остар начин беше нагласено дека механизмот „балансер“, кој го одредува процентот на застапеност на вработените во јавниот сектор од секоја етничка група „веќе не ги исполнува целите и дека формулата не ги одразува податоците од пописот на населението што живее во земјата“.
Четири последователни години (2020–2024), ДУИ, додаваат од „Вреди“ не само што не исполни ниту една од овие обврски, туку продолжи да го злоупотребува озлогласениот Балансер за партиски придобивки, без да преземе никакви законски реформи.
Во меѓувреме, потсетуваат дека денес, на 24 јуни 2025 година, 24 години по Охридскиот договор, „Вреди“ го носи Законот за правична и соодветна застапеност, историски чин што затвора долго поглавје на политичко лицемерие и го отвора патот за правно загарантирана застапеност, со јасни извршни механизми и конкретни рокови за имплементација.
„Овој закон не е само административна реформа, туку е клучна неисполнета алка во Охридскиот договор што веќе се исполнува. За прв пат, правичната застапеност повеќе нема да остане предизборен слоган, туку ќе стане составен дел од уставниот и извршниот поредок на државата.
Македонија
Откако инспектор во Чаир утврдил нелегален приклучок на водоводна мрежа, сопственикот на зградата му се заканувал – во МВР пријавен случајот за кој зборуваше Арсовска

Во дневниот билтен на МВР објавена е информацијата за случајот со зградата во Чаир, од кадешто викендов на социјалните мрежи се вклучи градоначалничката Данела Арсовска и зборуваше за незаконски дејствија.
„На 22.06.2025 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Ф.Р., инспектор во град Скопје, пријавил дека на улицта Цветан Димов во Скопје, откако утврдил нелегален приклучок на водоводна мрежа, Б.А.(34) од Скопје му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Градоначалничката Арсовска вчера информираше дека сопственикот на 12-катницата во Чаир, упатил бројни закани по присуството на инспекторите во зградата која имала и див приклучок на електрична енергија.
Арсовска во неделата се вклучи на социјалните мрежи од пред објектот, пришто истакна дека досега се пребројани 61 стан во зградата, сите биле незаконски градени, а постои обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со фалсификувана документација. Инспекторите се соочиле со уште една непријатност кога, според зборовите на Арсовска, станарите кои веќе биле вселени во објектот им ги исекле гумите на возилата со нож.
Македонија
(Видео) Кузеска: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, понижени работници со најниски плати во Европа

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, оценува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард.
Наместо „горди работници“, вели таа, имаме понижени луѓе кои со тешка мака ја преживуваат секоја недела.
„Над 70% од вработените живеат со плата под 500 евра. Средната класа исчезнува, а младите масовно заминуваат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема политика, нема решенија. Економијата оди надолу.
СДСМ предложи зголемување на минималната плата – ВМРО-ДПМНЕ го блокираше предлогот. СДСМ предложи раст на платите во приватниот сектор – ВМРО-ДПМНЕ одби. За ВМРО-ДПМНЕ, работникот не постои.
Додека функционерите на власт се гоштеваат со папаја и манго работниците се оставени сами.
Куповната моќ на граѓаните е срушена. Во последните 12 месеци цените растат, платите стојат. Животот станува борба – не за подобра иднина, туку за еден оброк повеќе. Инфлацијата расте до над 4%, реалната куповна моќ падна за над 20%“.
И покрај економската катастрофа, Владата, додава Кузеска, создаде долг од речиси 8 милијарди евра за само една година.
„Без план, без контрола, без капитални инвестиции. Пари земени во четири очи од приватни банки, без гаранции, без отчет. Македонија нема направено ваков долг ни во 35 години постоење!
Во меѓувреме, фирмите чекаат со месеци поврат на ДДВ, државата должи стотици милиони. Економијата е заглавена, стандардот е срушен, народот е понижен.
Со оваа власт најлошото допрва доаѓа“, оценува Кузеска.