Свет
НАТО одби да се извини за нападот врз бунтовниците во Либија

НАТО во петокот одби да се извини воздушниот напад во близина на градот Брега, во кој беа уништени неколку оклопни возила на бунтовниците, а загинаа четворица бунтовници, јавува BBC
Адмиралот Рас Хардинг изјави дека се до инцидентот во четвртокот, НАТО не знаел дека бунтовниците почнале да користат тенкови.„Нашата работа е да ги заштитуваме цивилите“, рече Хардинг.Бунтовничките сили гневно реагираа на инцидентот, но нивните команданти тврдат дека случката нема да им наштети на нивите односи со Алијансата. Хардинг истакна дека НАТО имало информации оти тенкови на силите лојални на Гадафи биле упатени од Мисурата кон исток, а истовремено и дека ситуацијата на фронтот околу Брега била многу „флуидна“.„Се чини дека два од нападите кои беа извршени вчера биле врз бунтовничките сили кои оперирале со големи борбени тенкови. Нема да се извинам за тоа “, рече адмиралот.Адмиралот Хардинг исто така одби да го поддржи мислењето на американскиот генерал Картер Хам, кој ја предводеше првата фаза од коалициските напади врз Либија, дека конфликтот е во застој и дека е многу мала веројатноста бунтовничките сили воено да ги поразат силите на Гадафи. Тој смета дека застојот е концентриран во многу мала област од поширокиот фронт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руски научници развија ново соединение за борба против ракот

Експерти од Државниот универзитет во Мари и Федералниот истражувачки центар „Уфа“ при Руската академија на науките развија ново хемиско соединение што би можело да стане основа за создавање иновативни лекови против тумори, објави Министерството за наука и образование на Русија.
Ова соединение дејствува селективно на туморските клетки, речиси без да ги оштети здравите клетки, а неговата молекуларна структура комбинира фенотијазинска и трифенилфосфониумска група.
Благодарение на оваа комбинација соединението ја таргетира слабата точка на туморските клетки – митохондриите и ја нарушува нивната работа, објавува „РИА новости“.
„Резултатите од истражувањето покажаа дека новото соединение ефикасно го потиснува растот на разни малигни клетки, вклучувајќи рак на црниот дроб, аденокарцином на белите дробови, колоректален карцином и леукемија. Активноста се манифестира дури и при ниски концентрации, што го прави соединението особено ветувачко за развој на лекови“, рече Константин Белослудцев, доктор по биолошки науки и проректор за иновации на Државниот универзитет во Мари, објавува „Танјуг“.
Како дополнителна предност, Белослудцев ја истакна едноставноста на синтезата на соединението, што овозможува негово производство во доволни количини за претклинички и клинички испитувања. Овие студии се спроведени во рамките на програмата „Приоритет 2030“, пренесува медиумот.
Свет
Стаб: Се надевам дека кај Трамп набргу ќе го снема трпението за Путин

Финскиот претседател Александар Стаб денес изјави дека се надева дека трпението на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе исчезне и додаде дека европските земји ќе продолжат да се залагаат за траен мир во Украина.
Според него, единствениот начин да се принуди Путин да ја заврши војната во Украина е преку неговите сојузници, со проценка дека оние кои можат да го убедат рускиот претседател да постигне примирје се на Истокот, објавува „ Ile“.
Финскиот претседател, исто така, рече дека го предупредил Трамп дека Путин користи „типични руски тактики на одложување“ за да избегне средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Фото: принтскрин
Свет
Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија нема да се придружи на иницијативата на западните сојузници за признавање на палестинската држава на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.
Мерц го објави ова на заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание по слични најави од Франција и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.
„Ставот на федералната влада е јасен во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, рече Мерц.
Фото: принтскрин