Свет
САД работат на супермоќна бомба за иранските бункери
Пентагон ги засилува напорите да создаде бомба која ќе може да ги уништи најтешко утврдените подземни постројки на Иран, објави во сабота весникот Wall Street Journal, повикувајќи се на анонимни функционери.
Пентагон ги засилува напорите да создаде бомба која ќе може да ги уништи најтешко утврдените подземни постројки на Иран, објави во сабота весникот Wall Street Journal, повикувајќи се на анонимни функционери.
„Бомбата од 13,600 килограми, „уништувач на бункери“, позната како „масивна воена опрема за пробивање“ (Massive Ordnance Penetrator, МОП) е со специфичен дизајн, предвиден да може да ги уништи силноутврдените фортификации изградени од Иран и од Северна Кореа со цел да ги скријат своите нуклеарни програни“, пишува весникот.
Но, првичните тестови покажале дека бомбата, онака како што е сега конфигурирана, нема да може да уништи некои од иранските постројки, или поради длабочината на која се наоѓаат или затоа што техеран додал нови фортификации за да ги заштити.
Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета, во интервјуто за овој весник вели дека ќе се работи на надградба на бомбата и дека очекува наскоро бомбата да биде способна да ги уништи и најдлабоките бункери.
Функционери од Пентагон велат дека за проектот биле издвоени големи финансиски средства за да се обезбеди ефективност и против најдлабоките бункери, вклучувајќи и постројката за збогатување на ураниумот во Фордоу во Иран. Фордоу е закопана во планински венец во Иран и е опкружена со противавионски батерии, со што е многу тешка цел за воздушни напади.
Иран тврди дека постројката, изградена во 2006 година, е отпорна на каков и да е напад. Западните земји дознаа за оваа постројка во 2009 година, од разузнавачки извори. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

