Македонија
РЕК Битола до 2014-та ќе ја добие еколошката дозвола?
Од Управата за заштита на животната средина велат дека ќе побараат од Европската Унија одложување на рокот до 2018 г. ако РЕК Битола не успее навреме да ги исполни барањата за добивање А еколошки интегрирана дозвола, бидејќи државата ќе стане зависна од странските снабдувачи со струја
Според Законот за животна средина до 2014 г. сите индустриски објекти со поголем капацитет треба да ги исполнат критериумите за најдобри достапни техники. Ако не се почитуваат одредбите од дозволите, Законот предвидува ригорозни казни.„Но ако се утврди дека РЕК објективно не може да го исполни барањето, Владата има право да побара транзиционен период до 2018 г. РЕК е од круцијална важност за Македонија, со оглед на тоа што снабдува 70 отсто од државата со електрична енергија. Ќе бараме транзиционен период од ЕУ, бидејќи во спротивно тоа би значело затвоање на инсталацијата и би станале зависни од надворешни снабдувачи на електрична енергија“, вели Филип Иванов, директор на Управата.Постројките од енергетскиот сектор за А еколошки интегрирана дозвола требаше да аплицираат во 2007 г., кога и е сторено. Од ЕЛЕМ информираат дека апликацијата била поднесена во ноември 2007 г. и дека се работи на постигнување на бараните стандарди. Од Управата за заштита на животната средина велат дека процесот на издавање на овие дозволи е комплексен затоа што се разгледуваат сите аспекти на работењето на една инсталација, а со доволен број вработени во оваа област располагаат дури од минатата година. „За тоа зборува фактот што пред некоја недела издадовме седум вакви дозволи“, додава Иванов.Издавањето на дозволите е во рамките на Законот за животна средина во кој е вградена Директивата 96/61 на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

